Двапати лосос на трпезата неделно може да ви го заштити телото од мозочен удар. Од тука научниците препорачуваат да се консумираат барем две порции масна риба – како што е лососот, пастрмката или скушата, со цел да се намали ризикот од мозочен удар. Сепак, суплементите со рибино масло ги немаат истите поволни ефекти.

 

 

Меѓународен тим истражувачи ја проучувале поврзаноста помеѓу масните риба, кои се добар извор на омега-3 масните киселини, и ризикот од мозочен удар или мини-мозочен удар (минлив исхемичен напад). Тие прегледале 38 студии, кои вклучувале речиси 800.000 луѓе, од 15 земји. Ги проучувале оние од нив кои често јаделе риба и кои уживале во омега-3 масните киселини. За време на студијата биле забележани вкупно 34.817 мозочни удари и минливи исхемични напади.

 

Тие првично прилагодиле и препознале одредени фактори на ризик, а потоа откриле дека оние учесници кои консумирале по 2-4 оброци масна риба неделно имале за 6% помал ризик да добијат мозочен удар во споредба со оние кои консумирале масна риба еднаш неделно или помалку.

 

Но, суплементите со рибино масло немаат сличен ефект на намалување на ризикот. Консумирањето масна риба е исто така поврзано со други здравствени полезности, како што е намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести. Се препорачливо секој човек да јаде најмалку по 140 грама риба неделно, од кои барем една треба да е масна.

 

– Од претходните истражувања, знаеме дека честото консумирање риба е добро за целокупното наше здравје – вели доктор Питер Колман, заменик-директор на Асоцијацијата за истражување на мозочните удари во САД. – Ова истражување покажува дека тоа може да не заштити од мозочен удар.

 

Но, можеби тука постои и друго нешто.

 

– Оние кои јадат многу риба општо имаат поздрава исхрана, што до некаде може да ги објасни резултатите. Сепак, ќе биде потребно понатамошно истражување во оваа област пред да им предложиме на луѓето секојдневно да консумираат риба. Ризикот од мозочен удар може да се намали исто така со редовни прегледи, консумирање здрава, избалансирана диета, проверка на крвниот притисок и редовна физичка активност.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина