Колку навистина знаете за контрацепцијата? Можеме да се обложиме дека одговорот е многу малку, иако сте уверени во спротивното. Доктор Наташа Андреадис, специјалист за неплодност кај жените и репродуктивен ендокринолог, открива многу чудни на кои може да се забремени.

Контрацепцијата не е 100% ефикасна

И покрај уверувањето на многумина, не постои ниту една контрацепција која ќе биде во целост ефикасна. Ако немате постојан партнер, а склони сте да имате сексуални односи без заштита, ризикувате во најмала рака непријатни последици. Една од нив е несаканата бременост. Може да заборавите да ја испиете пилулата, кондомот може да пукне, а дијафрагмата да не се покаже како функционална.

Честопати се случува луѓето да не користат контрацепција на вистински начин. Никогаш не се опуштајте премногу, бидејќи ништо не е 100% сигурно. Голем број пилули не се ефикасни ако не се земаат секој ден во исто време. Кондомите можат да имаат оштетување ако невнимателно ги отворате. Исто така, ни пилулата за ден потоа не мора да биде 100% ефикасна открива Наташа, но додава и дека постојат начини на кои можете да се заштитите од вакви непредвидливи ситуации. Да кажеме, ако земате пилула, навијте го алармот за секој ден да ве потсетува да се напиете во истото време. Секогаш имајте на ум и дека со пилулите се намалува ефикасноста кога се земаат антибиотици.

Пенетрацијата не е неопходна

– Верувале или не, дури ни апстиненцијата не е 100% ефикасна. Доколку практикувате анален секс, и тоа без заштита, семето може многу лесно да го пронајде патот до отворот од вагината и вулвата, што може да резултира со бременост. Доколку спермата се најде било каде во близина на вулвата, постои ризик од бременост – тврди доктор Андреадис, а додава дека и самото триење преку долната облека, доколку заврши со ејакулација на мажот, може да се заврши со бременост ако натопениот дел од спермата се најде во близина на вулвата.

Лошо изведена трајна контрацепција

Во некои случаи, дури и ако докторот ви рекол дека сте неплодни, или сте отишле на перманентна контрацепција, може да дојде до бременост.

Имаше случаи на жени на кои им велеа дека влегле во менопауза, а кои имаа забременето. Дури и во случаи во кои партнерот беше подложен на вазектомија или жената отишла на подврзување на јајцеводите, се случуваше бременост – вели доктор Наташа.

Бапски приказни

Иако живееме во современ свет, одреден број жени и понатаму верува во бапските приказни за контрацепцијата, како што е она дека жената не може да забремени ако дои. Уште една честа заблуда е тоа дека не може да се забремени во текот на менструација, но тоа ни малку не е точно! Според зборовите на доктор Наташа, не постои прецизна статистика за тоа колкумина имаат незаштитени интимни односи. Извесно е дека многу малку се користи контрацепција. Ова важи и за оралната контрацепција. Кај нас орална контрацепција користат само 8% од женската популација во репродуктивниот период, додека овој процент во Белгија, Холандија и Данска изнесува 60%. според некои анкети, секој петти пар користи прекинат однос како контрацепција

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина