Во морската сол, покрај натриум хлорид, се наоѓаат уште осумдесеттина различни елементи во траги, како калиум, магнезиум и манган, па затоа таа е вистинско чудо за здравјето, кожата и косата.

 

 

  • Морската сол е алкализатор кој помага во балансирањето на нивоата на киселините во телото, па така ги остранува потенцијалните ризици од фатални болести.
  • Може да го зајакне имунолошкиот систем, а тогаш телото станува поотпорно на разни автоимуни болести, како грип, алергии и сл.
  • Има значајни ефекти врз кардиоваскуларниот систем. Научниците докажале дека редовното консумирање морска сол растворена во вода значајно може да го намали нивото на лошиот холестерол во телото. Исто така, го држи под контрола крвниот притисок и го нормализира неправилното работење на срцето.
  • Нарушувањата наметаболизмот, како дијабетесот, можат успешно да се третираат и лекуваат со морската сол, бидејќи таа помага во намалувањето на нивоата на шеќерот во крвта.
  • Повеќе од 20% од натриумот во нашето тело се трупа во коските, кои, пак, се оштетуваат поради недостаток на минерали во крвта и во телесните течности. Со додавање на морска сол во исхраната, може да се избегне или забави остеопорозата.
  • Морската сол исто така е полезна за системот на дишење, а минералите и олигоелементите и структурните делови на алгите со кои изобилува морската сол помагаат во закрепнувањето на слузницата. Морската вода има благ антисептичен и антибактериски ефект, што им се припишува на јоните на калциумот и магнезиумот.
  • Добар извор е на калиум (кој го олеснува функционирањето на мускулните влакна), па така морската сол делува ефикасно на грчевите.
  • Морската сол се смета за природен прочистувач на крвта. Содржи голема количина витамин Ц, кој делува како антиоксиданс и кој ги уништува слободните радикали. Магнезиумот, пак, го овозможува ефикасното делување на антиоксидансите. Така морската сол овозоможува детоксикација на клетките на кожата, апсорбирајќи ги сите отровни материи од нив.
  • Како што солта ги извлекува токсините од телото, така кожата станува помека и поздрава.
  • Затоа бањите со морска сол можат да го подобрат нејзиниот тонус. Таквата бања ќе го поттикне и излачувањето на вишокот вода од кожата и од сврзното ткиво, со што се спречува насобирањето на вишокот течности, па кожата станува поцврста, помазна и поздрава.
  • Морската сол е полна со витамини и минерали од витална важност за правилна исхрана на клетките. Овие хранливи материи можат да го подобрат клеточниот метаболизам (размена на материи и енергија), да го оддржуваат ткивото хидратизирано, да ја поттикнат циркулацијата на самата површина на кожата и да ја зголемат силата на клеточната мембрана.
  • Калциумот помага во чистењето на затнатите пори на кожата.
  • Морската сол е идеална како природен пилинг на кожата, бидејќи нејзината текстура помага во остранувањето на горниот слој на изумрени клетки на кожата.
  • Природен лек е за масната коса. Морската сол може да го апсорбира вишокот масло од косата, правејќи ја мазна и убава.
  • Со помошта на многуте минерали присутни во морската сол, косата ќе го добие посакуваниот волумен, а косата едноставно ќе биде лесна и прекрасна. Уште повеќе, морската сол може да им даде на фоликулите доволно хранливи материи, кои ќе ја направат помека.
  • Морската сол е одлична во борбата против перутот. Делува директно на кожата и ја спречува нејзината сувост.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина