modar-patlidzan_1

 

Еднo истражување покажа дека овој вид на зеленчук го намалува дотокот на крв и хранливи материи до клетките на ракот и на тој начин значително го отежнува неговото ширење.

Патлиџаните се одгледуваат низ целиот свет и се сметаат за едни од најздравите намирници. Прилично лесно се одгледуваат бидејќи тие се прилагодуваат на секакви климатски услови.

Ова е една од намирниците која не содржи високо ниво на пестициди, па затоа нејзините здраствени придобивки доаѓаат до израз.

 Моќни антиоксидантни својства

Модриот патлиџан содржи фитонутритиенти кои му ја даваат препознатливата пурпурна боја. Патлиџанот може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, некои видови на рак и срцев удар .Тој исто така може да ги спречи оштетувањата на ДНК и да го забави процесот на стареење.

Превенција од рак

Истражувањата покажаа дека модриот патлиџан има одлични антиканцерогени ефекти. Една студија покажа дека го намалува дотокот на крв и хранливи материи до клетките на ракот и значително потешко му овозможува да се шири.

Заштита на мозокот

Истражувањата спроведени на лабараториски глувци покажуваат дека модриот патлиџан може да ги заштити мозочните клетки од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали. Слободните радикали можат да го зголемат ризикот од настанување на канцерогени клетки и да предизвикаат нарушувања во меморијата .

modar-patlidzan_2

Низок гликемски индекс

Модриот патлиџан има низок гликемски индекс. Ова значи дека нема да предизвика нагли промени на нивото на шеќер во крвта. Овој зеленчук е одличен за секојдневната исхрана на сите, а особено за дијабетичарите ,бидејќи може да ја олесни контролата на нивото на шеќер во крвта.

Го забрзува слабеењето

Модриот патлиџан содржи многу малку калории и е одличен за губење на телесната тежина. Тој е одличен извор и на растителни влакна , па ќе го забрза процесот на создавање на чуството на ситост. Исто така,тој е составен од голем процент на вода, а тоа значи дека обезбедува добра хидратација за целото тело.

Содржи малку јаглехидрати и масти

Модриот патлиџан содржи многу малку јаглехидрати и масти. Но, запомнете дека со додавањето на масло, сирење или јајца, патлиџанот не е повеќе нискокалорична намирница. Ако сакате да изгубите некој килограм вишок, секако внимавајте како ќе го приготвите модриот патлиџан .

Го намалува хроничното воспаление

Со оглед на тоа дека содржи моќни антиоксиданти, патлиџанот помага во намалување на хроничното воспаление на телото и ги ублажува симптомите на болестите како што е на пример артритисот. Истражувањата покажаа дека хроничното воспаление во телото може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести и некои видови на рак.
Го намалува холестеролот и крвниот притисок

Истражувањата спроведени на лабораториски глувчињапокажале дека сокот од модар патлиџан значително го намалува холестеролот. Исто така, се покажало дека сокот од модар патлиџан ги опушта артериите и на тој начин го намалува крвниот притисок.
Одличен извор на железо

Железото е важно за секоја телесна функција, но премногу железо може да предизвика превисоко ниво на холестерол и оштетувања на зглобовите . Модриот патлиџан на вашето тело ќе му обезбеди онолку колку железо колку што му е потребно, без било каков ризик од нарушување на телесните функции.