Таанот е намаз од мелен сусам. Тој е природна храна богата со протеини, јагленохидрати, корисни масти, минерали и витамини Е и Д. Не содржи холестерол, а е богат со природни влакна кои го подобруваат варењето. Намазите со таан се многу вкусни и хранливи и се вистински избор за појадок или вечера. Таанот може да се набави во сите продавници за здрава храна. Ова се само некои од рецептите во кои тој одлично се вклопува

 

Таан со модри домати

 

Состојки:

  • два големи модри домати
  • 1/3 филџани таан
  • сок од два лимони
  • 2 чешниња бел лук, ситно исецкани
  • 1/4 лажици сол
  • 1 лажица ситно исецкан магдонос
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка:

Модрите домати внимателно се лупат и се печат цели во рерна на тивок оган додека не омекнат и не фатат кора. Потоа се пасираат, им се додава таанот, лимоновиот сок, лукот, солта, маслиновото масло и магдоност и се меша додека не се добие воедначен намаз. Ако е премногу густ, му се додава малку вода.

Таан со леблебии

 

Состојки:

  • 2 1/4 филџани леблебија (наместо леблебија може да се користи и грав, сув грашок, леќа или соја)
  • 1/3 филџани таан
  • 2 чешниња лук, ситно исецкан
  • сок од еден или од два лиона
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажици ситно исецкан магдонос
  • 1/4 лажици сол

Подготовка:

Леблебиите се потопуваат во студена вода и се оставаат да отстојат преку ноќ. Следниот ден се мијат и се варат додека зрното да омекне. Потоа се мелат или се пасираат. На оваа смеса и се додаваат таанот, маслиното масло, лимоновиот сок, лукот и магдоносот и се меша додека не се добие компактен намаз.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина