Хималајската сол е најчистата сол на Земјата. Поради својата структура и состав, од кои 84 се минерали и елементи во ист сразмер како што се во нашиот организам, многу е погодна за постигнување рамнотежа во телото и во нервниот систем.

Хималајската сол го поттикнува измивањето на насобраните токсини во организмот, а им се препорачува на сите, посебно на оние кои имаат проблем со зголемен крвен притисок и задржување вода во организмот.

Покрај наведеното, постои подолг список со сите благодети кои хималајската сол може да ги има над човековиот организам. Освен што го стабилизира неправилното отчукување на срцето, одличен регулатор е и на стресот. Исто така, делува и на чистење на слузта од белите дробови, а посебно е корисна кај оние кои боледуваат од астма и цистична фиброза. Го регулира и нивото на шеќер во крвта и им помага на бубрезите во излачувањето на вишокот киселина во урината.

Ако имате проблеми со сува кашлица, најдобро е да ставите малку хималајска сол на јазикот. Оваа сол е погодна и во чистење на синусите, спречување на настанок на остеопороза, како и спречување на ширење на вените на нозете.

Хималајската сол најдобро е да се користи во вид на бањи, како напиток за инхалација и за измивање. Солената бања од хималајска сол се препорачува кај разни кожни заболувања. Подгответе ја така што во када со топла вода ќе ставите 200 грама хималајска сол и применувајте вакви бањи два пати неделно.

Раствор од половина литар вода во која ќе додадете 100 грама хималајска сол е одличен борец против акни и осипи.

Лажица хималајска сол во чаша вода одлично ќе помогне во измивањето на усната шуплина, но и на носот и на очите.

Раствор за инхалација подгответе така што во два лири вода ќе ставите 200 храма хималајска сол. Таа ќе помогне и кај инфекции на синусите, воспаление на ушите, ќе одзатне затнат нос, ќе помогне кај загноено грло, бронхитис и инфекции кои постојано се јавуваат. Инхалирајте се наутро и навечер.

Покрај се наведено, хималајската сол исклучително добро делува и против главоболка, несоница, депресија, алергии и астма.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина