Воспалителните процеси на машката полова жлезда и нејзиното зголемување е еден од најчестите здравствени проблеми кај мажите во средната возраст. Имено, речиси секој маж постар од 45 години се има сретнато со некаков облик на болест на простатата. Простатата е жлезда со големина на костен, сместена непосредно под мокрачниот меур, зад срамната коска, а пред завршниот дел од дебелото црево. Таа има функција да создава и лачи сопствен секрет, кој е дел од семената течност (ејакулатот).

Ризикот за заболување на простатата расте со стареењето, така што по 50 година дури 80% од мажите има бенигно зголемување или аденом на простатата. Затоа никогаш не е прерано да се започне со грижа за здравјето на оваа жлезда и да се побара притоа помош од најмоќниот сојузник – природата. Имено, бројни лековити билни видови можат да се користат како превентива или, во случај на проблем со простатата и уринарните канали, како главна или помошна терапија. Меѓутоа, со здравјето како крајна цел, за сигурност и ефикасност е многу важно да се бираат сертифицирани еколошки производи.

Најчести болести на простатата

Најчести болести на простатата се бенигна хиперплазија (BHP, односно зголемување на простатата), хроничен и акутен простатитис (воспаление на простатата) и рак на простатата. Бенигната хиперплазија на простатата е зголемување на простатата која е од бенинген карактер. Повеќе од 60% мажи постари од 40 години има некаков степен на зголемување на простатата, додека таа бројка расте за дури 95% кај оние постари од 80 години. Со зголемувањето на простатата се компромира мокрачната цевка и со тоа се оневозможува нормалниот проток на урината. Овие симптоми со тек на време се влошуваат, а пречките при мокрењето стануваат позачестени и потешки со оглед на тоа што таа постојано расте. Некои од знаците за хиперплазија се: напрегнување за време на мокрењето, одложен почеток на мокрењето, испрекинат млаз, долготрајно мокрење, недоволно празнење, целосна невозможност за мокрење, зачестено мокрење, повеќекратно ноќно мокрење, итен нагон за мокрење.

Растенија – сојузници за здрава простата

Тинктурата од врбовица традиционално се користи за тегоби со простатата, а токму ова растение од дамнина се споменува како најдобар лек за простатата на сите континенти, за сите култури и на сите јазици. Благодарение на активните материи извонредно и брзо делуваат противвоспалително и инхибирачки на акутните и хроничните воспаленија на простатата и помагаат за намалување на жлездата на нормална големина. Научно е потврдено дека врбовицата помага кај забавено или одложено мокрење, го спречува нецелосното празнење на мочниот меур, помага при ноктурија, ретенција на уринатам го намалува зачестеното мокрење и помага при инконтиненција.

Препорачливо е сите мажи по 50 година од животот да почнат да го користат ова растение како превентива, бидејќи придонесува за нормално функционирање на простатата. Покрај врбовицата, сабал палмата или сабалот (лат. Serenoa repens) е најпопуларно растение за природно лекување на тегобите поврзани со простатата. Благодарение на своите моќни својства, Sabal palma (лат. Saw Palmetto) е новата ѕвезда меѓу иновативните формули. Лековитите својства на овој низок грмовиден вид на палма од семејството Arecaceae им биле познати уште на американските Индијанци, а на почеток на минатиот век фармакопејата на САД ја наведува како лековита напивка наменета првенствено за олеснување на тегобите со простатата. Во народната медицина се употребувала и при лекување на болести на бубрезите, бронхитис, пролив, егзема, општа слабост и зголемување на потенцијата кај мажите. За производство на лек од сабал палмата се користи екстрактот од нејзините зрели исушени плодови (лат. sabal fructus).

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина