Желбата на мозокот за енергија (калории), а не за сладок вкус, е главното нешто кое доминира со нашата желба за шеќери (слатки), утврдиле истражувачите од Универзитетот Јејл.

Слаткиот вкус и нутритивната вредност на слаткото (т.е. енергијата која ја содржи), се регистрира во стратумот, а тоа е старата регија на мозокот. Луѓето првенствено сакаат слатко за да се овозможи големиот човеков мозок да добие доволно калории за да може да работи со целосна ефикасност и тоа е врежано во нашите механизми на однесување. Но, сега е утврдено дека човечкиот мозок реагира на вкусот и на количината на калории на два различни начини, бидејќи има две одделни групи неврони, од кои едната пренесува сигнали за сладок вкус, a другата сигнал за количината на енергија.

Ако му овозможиме на мозокот да бира меѓу намирници со пријатен вкус, но без енергија, или со непријатен вкус, а со многу енергија, мозокот ќе ја одбере енергијата. Во експеримент со глувци, на глувците им бил даван шеќер со сладок вкус, но без калории, и шеќер со изменет непријатен вкус, но кој содржел енергија. Со помош на специјална техника биле следени нервните траектории, па истражувачите виделе дека се активирала нервната траекторија на мозокот која бара енергија. Поради тоа оние глувци кои јаделе големи количини шеќери со ужасен вкус, но со многу калории.

А кога на голема количина калории кои содржат шеќери/слатки ќе им се додаде уште и пријатен сладок вкус, ете ја причината зошто шеќерот ја имаа она ,,фатална привлечност,, која не тера да копнееме по слатки и ги прекршуваме правилата на диетите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина