Кефир, тајната на долговечноста на луѓето кои живеат во Кавказ и редовно го користат овој пијалок во својата исхрана. Млечниот кефир е пробиотски пијалок кој се добива со ферментација на мешани култури на микроорганизми кој се состои од млечно киселински бактерии и квасци.

За зборот кефир се смета дека потекнува од турскиот збор KEIFU кој во слободен превод би значело “ добро чувство”бидејќи самиот напиток со редовна употреба доведува до општо здравје и благосостојба.

Лесно се подготвува и во домашни услови.Може да се направи од различни видови на млеко овчо,козјо или кравјо.Потребно е само млеко и кефирните габи.Грутките кефир или “габи”може да нараснат како орев ,но не необично и ако бидат големи колку тупаница.

Во процесот на ферментација на кефирот генерираат и различни ароматски супстанции,како и CO2.Кефирот е богат со витамин Б,а содржи и витамин Е.Помага во циркулација на крвта,го намалува нивото на холестерол и ја одржува здрава цревната флора.За оние пак на макробиотичка или веганска исхрана,кефирните габи можат да се користат за правење напиток со вода наместо млеко, само е потребно повеќе време да габите се претворат во кефирни кристали.Кога ќе се стават габите во вода потребно е да се додаде малку шеќер и сок од лимон.

Подготовка на кефир

kefir3

 

За целата подготовка на кефирот важно е да се нагласи дека не треба да се користи ништо метално,ниту садовите во кои ке се подготвува  ниту приборот(лажицата).

За правење на кефирот се користи свежо варено млеко,иако на габите нема да им наштети било кој тип на млеко( пастеризирано,неварено), важно е да се користи млеко со повеќе масти т.е. 3,2% масти.

Се додаваат добро измиените кефирни габи во садот со пластична или дрвена лажица,никако со метална бидејќи металот може да направи  габите да изумрат.

Покријте го садот и оставете ги габите во млекото 24 часа на собна темература.Процедете ги кефирните габи преку пластично сито,обрнувајќи внимание да не дојдат во контакт со никаков метален прибор.Во садот останува напитокот од кефир.Претурете го кефирот во шише и чувајте го во фрижидер.

Габите кои останаа во пластичното сито се мијат со вода и повторно може да се искористат за правење нов пијалок.Тие растат и се разможуваат брзо и лесно.Секој пат кога ке правите нов пијалок се забележуваат поголем број на габи.По неко време,габите треба да се поделат и да се зголеми количината на млеко за релативно зголемување на бројот на габи. Габите од кефир се мијат со ладна вода и не бараат многу грижа околу одгледивањето и користењето.Ако немате доволно млеко за подготовка за нов пијалок тогас доволно е да габите се стават во стаклена чаша со млеко доволно да бидат потопени.Можат да останат во фрижидер 1-2 дена и следниот кефир нормално ќе ферментира. И ако веднаш потоа сакате да подготвите нов пијалок, треба садот во кој ќе го подготвувате да биде добро измиен и се повторува целата постапка.Кефирот може да издржи неколку денови во фрижидер ,најдобро 2 до 3 дена.