mitovi_naslovna
Осум чаши вода дневно

Оној кој ова го препорачал, очигледно бил многу жеден. Не постои точно одредена количина која ама баш секоја личност би требала да ја испие. Правилото за осум чаши вода дневно произлегло од научните истражувања спроведени далечната 1945 година. Меѓутоа, во 2012 година научниците од Австралија и Нов Зеланд го прогласиле ова правило за претерано и неупотребливо, бидејќи луѓето поголемиот дел од течностите ги добиваат од овошјето, зеленчукот и останатите течности, па дури и кафето. Затоа, ако сте жедни, пијте вода, а ако не сте, не морате да пиете.

Темната чоколада е поздрава од млечната

Пред повеќе од една декада, чоколадото е именувано како „суперхрана“, откако истражувањето објавено во списанието Nature утврдило дека темното чоколадо содржи многу висока концентрација на полно какао, богато со корисни состојки, за разлика од млечното чоколадо. Ова и понатаму е точно, меѓутоа, тоа не значи дека еден ред темно чоколадо содржи повеќе флавонол отколку млечна чоколада, велат нутриционистите. Тие, исто така објаснуваат дека флавонолите се нестабилни и дека нивната концентрација варира во текот на производствениот процес, па така иако на пакувањето на чоколадото стои дека се содржи од 72 проценти какао, тоа не мора неоходно да биде така. Најсигурен начин да знаете дека сте внеле доволно флавинол е да го внесете во најчистата форма- по пат на чист какао прав. Или купете многу квалитетна чоколада бидејќи поголеми се шансите во нејзе, и во текот на производството, да останале флавоноли во висока концентрација.

mitovi_1

Слатките работи ги прават децата хиперактивни

Постојат многу причини за тоа децата да ги држите подалеку од шеќерот и слатките работи, како на пример – опасноста од дебелеење и крварење на забите. Меѓутоа, спроведени се дури 12 независи студии во обид да се докаже дека слатките работи ја предизвикуваат хиперактивноста. Меѓутоа тоа не вродило со плод во ниедно истражување, односно ниту една студија не покажала поврзаност помеѓу слатките работи и појавата на хиперактивност.

Истегнувањето пред трчање ги спречува повредите

Секако, не е лошо да ги истегнете нозете пред вежбање. Напротив, тоа е дури и пожелно. Меѓутоа, според истражувањето спроведено врз 3000 личности кои се занимаваат со трчање (рекреативно и професионално), а е објавено во списанието American Academy of Orthopaedic Surgeons, нема разлика што се однесува до ризикот од повреди помеѓу оние кои се истегнуваат пред тренинг и оние кои не го прават тоа, Освен тоа, истегнувањето е дури и поефикасно доколку се прави по тренингот, а не пред тренинг.

Холестеролот се зголемува ако јадете јајца

Холестеролот кој се наоѓа во храната не влијае многу на холестеролот во вашата крв. Тој во јајцата се наоѓа во помали количини, па таа можете да изедете 6-8 јајца неделно, без никакви проблеми.

Ако не поднесувате лактоза, треба да ги избегнувате сите млечни производи

Луѓето кои не поднесуваат лактоза всушност имаат проблем со варењето на шеќероѕ кој се наоѓа во млекото. Иако е потребно да избегнувате одредени видови млеко и јогурт, тврдото сирење по правило, не би требало да ви предизвикува никакви проблеми. Во текот на преработката ова сирење ја губи речиси целата лактоза, а постојат и млечни производи кои воопшто не ја содржат.

Зачинетата храна предизвикува чир на желудникот

Чирот на желудникот воглавно настанува поради присуството на хелио-бактериите во организмот. Стомачната киселина е исто така една од причините за појава на чир, Зачинетата храна, алкохолот и кофеинот можат да ја влошат ситуацијата, но сами по себе не предизвикуваат појава на чир.