Влажен ден е, вие трчате,  додека уште една капка пот ви се слева низ челото. Се радувате бидејќи повторно добро се испотивте. Мислите ли дека колку е потопло тоа значи дека ќе согорите повеќе калории? Сепак, вежбањето со потење значи и витка фигура, зар не? Прочитајте ги најголемите митови за потењето и вежбањето и дознајте нешто ново.

Постојано се потиме- вистина или лага?

 

Вистина. Кожата константно испушта влага и на тој начин ја регулира телесната температура, иако тоа најчесто е незабележано. Исто така, тоа се случува по речиси целата површина на телото.

Дневно најмногу можат да се излачат 3 литри пот- вистина или лага?

 

Лага. Ова е еден од најчестите митови за потењето. Личностите кои живеат во постудените краишта може да се испотат и до литар на час, а додека личностите  кои живеат во потоплите краишта можат да се испотат од две до три литри на час.

Вежбањето на поголеми температури согорува повеќе калории- вистина или лага?

 

Вистина. Срцето мора да работи посилно за да им овозможи на мускулите доволно кислород и да праќа доволно крв на самата површина на кожата за да ја регулира телесната топлина. Нажалост, бројот на калориите кои ќе ги потрошите на овој начин е занемарлив .

 

 

potenje-vezbanje1

 

 

Кремата за сончање го отежнува потењето- вистина или лага?

 

Лага. Немојте овој мит за потењето да ве спречи правилно да се заштитите од сонцето. Кремата за сончање не влијае на механизмот на потење со помош на кој вашето тело се лади – велат дерматолозите, Запомнете дека не постои трајна водоотпорна крема за сончање па затоа нанесувајте ја на секои два саати во случај на изведување на активности на сонце на отворено.

Енергетските пијалоци прават разлика – вистина или лага ?

 

Вистина. Но умерено. За време на обилното потење ги губите електролитите кои треба да ги надоместите низ храната и пијалоците. Енергетските пијалоци се брз надоместок, но водете сметка за тоа дека често ти занаат да бидат и високо-калорични. Погрижете се да не пиете празни калории кои толку напорно се трудите да ги елиминирате.

Телото повеќе се напрега кога е топло- вистина или лага ?

 

Точно. Кожата се потпира на сувоста на воздухот, за да влагата од телото лесно може да испари. Во влажни и топли услови воздухот е заситен со влага што и отежнува на потта да испариод површината на кожата. Тоа ја зголемува температурата на телото и е причина за тоа што се мачите додека ги изведувате и најлесните вежби во влажни услови. Во овие случаи, важно е да се разладите. Носете неколку слоја на полесна и светла облека.

 

Совет: лесно намокрете ја вашата капа со вода пред да почнете да вежбате на отворено. Совршено ќе ве разлади.

 

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.