Презервативот или кондомот е контрацептивно средство со најширока употреба. Освен заштита од несакана бременост, тој има голема улога и во ширењето на полово преносливите болести. Иако денес се достапни речиси секаде, многумина и понатаму веруваат во некои митови за овие ,,гумени заштитиници,,.

Мит:Ставањето лубриканти на кондомите ќе го спречи нивното пукање.
Вистина:Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.

 

Мит: Кондомот шити од сите полово преносливи болести.

Вистина:Кондомите не штитат во потполност од генитален херпес, ХПВ, сифилис и од срамни вошкиТој не е доволна заштита ни кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ни кај херпес тип 1, односно орален херпес, за кого од неодамна се откри дека може да се пренесе и преку полов пат. Кај кај ХПВ, така и кај херпесот може да се случи некој со години да боледува, а да нема никакви симптоми и да не ни знае дека е болен, но може болеста да ја пренесе на парнерот.

Мит: Ако сте алергични на латекс, не може да користите кондоми.
Вистина:Може да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.

Мит:Кондомите е добро да се чуваат во паричникот.
Вистина:Чувањето на едно пакетче кондом во паричник подолго време може да го истенчи материјалот од кој е направен кондомот и на него може да се направат ситни дупчиња.

 

Мит:Користењето два кондома одеднаш ја удвојува заштитата.
Вистина:Користењето два кондома одеднаш всушност ја намалува заштитата, бидејќи се создават поголеми триења и поголема е можноста презервативот да пукне.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина