Иако постои малку вистина во овие верувања, погрешно е да се мисли дека виновни се само јагленохидратите. Наместо тоа погледнете кои се верувања поврзани со нив се само митови и кои воопшто не се точни.

На телото воопшто не му требаат јагленохидрати

Иако, теоретски, може да се преживее без јагленохидрати, тоа никогаш не е добра идеја. Јагленохидратите, кои се разградуваат на гликоза, се главен извор на енергија за нашиот мозок. Ако се ограничи количината на гликоза, телото почнува да бара други извори на енергија, најчесто од самите мускули. Јагленохидратите се потребни, затоа што претставуваат важен извор на енергија. Ништо не се постигнува доколку се одбегнуваат. Тоа не е решение. Треба да се консумираат во комбинација со влакна (2 – 3 грама влакна на 100 калории), односно да се одберат вистинските намирници

Јагленохидратите се “лоша” храна

Лоша храна е онаа храна која нашето тело не ја поднесува добро, храна на која сме алергични или расипана храна. Јагленохидратите не спаѓаат во овие категории, па затоа размислувањата за нив како за лоша храна само ќе го расипе расположението кога следниот пат ќе уживате во вашата омилена пица.

Ако го намалите внесувањето на јагленохидратите, ќе ја намалите телесната тежина

Кога луѓето на само неколку дена би ги исфрлиле јагленохидратите од својата исхрана, кога ќе се качат на вага и ќе видат намалување на тежината, повеќето тоа веднаш го припишуваат на јагленохидратите. Тоа може, но и не мора да биде точно. Губењето на тежината не е загарантирано ако се исфрлат јагленохидратите од исхраната. Во овој случај, за губење на килограмите веројатно е заслужна водата, а не на мастите, со оглед на тоа што јагленохидратите се врзуваат за водата.

Јагленохидратите најдобро треба да се консумираат на почеток на денот

Нашето тело знае што треба да направи со јагленохидратите, независно од тоа кој дел од денот е. Единствена причина поради која може да се ограничи нивното консимирање пред крај на денот е ручекот, кој веќе ја задоволува нивната дневна потреба – во тој случај, можеби за вечера подобра опција се зеленчукот и протеините. Општото генерализирање за тоа кога е добро да се консумираат јагленохидратите е во целост погрешно.

Најдобро време за консумирање јагленохидрати е по вежбање

Се зависи од времетраењето и интензитетот на тренингот. Ако само сме оделе или сме јаделе малку пред тренингот, тогаш нема потреба пак да се внесуваат. Но, ако сме извежбале интензивен тренинг, а пред тоа не сме јаделе неколку часа, треба да изедеме јагленохидрати и протеини. Затоа што само јагленохидратите нема да бидат доволни во овој случај.

Јагленохидрати има во тестенините, лебот, оризот и слични производи

Јагленохидрати има буквално во се. Може да се најдат во млечните производи, овошјето, зеленчукот… Важно е добро да се одбере кои од нив ќе ги консумираме, но никако не смееме сите да ги отпишеме.

Јагленохидратите и шеќерите се две различни нешта

Шеќерот е еден вид на јагленохидрат, како што се скробот и влакната. Шеќерот понекогаш се нарекува едноставен јагленохидрат, а неколку од нив можат да се спојат и да формираат полисахариди, кои се познати уште и како сложени јагленохидрати.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина