Еве кои се митовите во кои треба да престанете да верувате:

1. Шеќерот ќе направи детето да ви биде хиперактивно

Ова е толку многу лажно. Не постојат научни докази кои го поврзуваат шеќерот со хиперактивното однесување. Реалноста е сосема поинаква – шеќерот го стимулира серотонинот, хормон кој има смирувачко дејство врз вашиот организам.

2. Ако ги ,,кршите,, прстите, можете да се разболите од артритис

Истражувањето направено во 2011 година покажало дека нема да ги зголемите шансите за добивање на артритис ако ги ,,кршите,, зглобовите.

3. Не треба да користите креми за лице ако имате масна кожа

Оние со масна кожа одбегнуваат да користат креми за лице, бидејќи мислат дека кожата ќе им стане помасна. Тоа е неточно. Можете и морате да користите соодветни креми за лице за да имате здрава кожа. Едноставно, одберете крема за лице која не содржи масла.

4. Кафето е одлично за трезнење

Кафето нема да ви помогне да се отрезните. Само ќе ве разбуди, што ќе биде уште полошо, бидејќи ќе сфатите колку сте биле пијани минатата вечер. Најдобра опција за да го излекувате својот мамурлук е да пиете многу вода.

5. На нашето тело му се потребни 8 чаши вода дневно

Тоа всушност зависи од вашите дневни активности. Оние кои воглавно го минуваат својот работен ден на нозе, имаат потреба да пијат повеќе вода отколку луѓето кои својот ден го поминале воглавно седејќи. Просечната потреба на една индивидуа се 4 чаши вода во текот на денот.

6.Срцевите заболувања се јавуваат почесто кај мажите

Срцевите заболувања се убијци број еден кај жените. Жените имаат 50% веројатност да умрат за време на операција на срцето од мажите.

7.Биолошкиот часовник отчукува само кај жените

Ова е сосема неточно. Едно истражување покажало дека квалитетот на спермата значително опаѓа кај мажите кои имааат повеќе од 45 години.

8. Луѓето имаат 5 сетила

Луѓето всушност имаат повеќе од 5 сетила. На пример, имаат сетило за булка, сетило за температура и т.н.

9. Алкохолот ги уништува мозочните клетки

Со консумирањето на алкохол нема да ги уништите своите мозочни клетки. Ако пиете премногу, можете да завршите со сериозни здравствени проблеми, но уништувањето на мозочните клетки не е една од нив.

10. Бричењето ќе направи влакната да ви растат појаки

И ова е исто така неточно. Многу истражувања покажале дека бричењето не ги прави влакната посилни, туку потемни.

11. Децата треба да пијат кравјо млеко

Родителите често инсистираат децата да пијат млеко. Но, истражувањата покажуваат дека и оние кои не пијат млеко се подеднакво здрави како и оние кои пијат. Некои истражувања покажуваат дури и дека децата кои пијат кравјо млеко се поподложни на ушни инфекции, астма и колики.

12. Рибата е полна со добри масти

Дали е рибата навистина полна со добри масти? Не. До 30% масти во неа се само омега-3 масни киселини, кои помагаат во спречување на настанокот на згрутчувања и намалување на воспаленијата. А, останатите 70% се мешавина од заситени масти, кои имаат тенденција да го зголемуваат нивото на холестерол и тие се извор на концентрирани калории.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина