Дали сте знаеле дека со одгледување на стока се уништуваат шумите? Дали сте слушнале дека тлото се контаминира за да се зголеми приносот кои се користат за исхрана на животните? Знаете ли дека водата е загадена со измет, додека метанот што го испуштаат хравите придонесува за глобалното загревање? Дали сте размислувале за тоа дека со посевите со кои се хранат животните може да се нахрани половина планета ако престанеме да консумираме месо? На крај, дали ни се потребни животински протеини за да бидеме здрави?

 

Одговорот на се е не. Непрофитната организација American Heart Association наведува дека консумирањето на неколку видови житарки, овошје и зеленчук на дневно нивоо во целост ја задоволува потребата на организмот за сите неопходни аминокиселини. Сепак, додаваат и дека е многу важно оброкот да биде разновиден и вносот на калории да ги задоволува енергетските потреби. Житарките, мешунките, зелениот зеленчук, семките, сусамот и јаткастите плодови се најдобар извор на растителни протеини.

 

Вегетаријанската храна е безвкусна

 

Погрешната перцепција дека храната која се базира на зеленчук е невкусна е еден од најголемите митови заедно со прашањето за протеините. Вегетаријанската исхрана не се состои само од ориз и зеленчук – таа е се само не еднолична. Постојат намирници кои ретко или никогаш не би ги јаделе ако не се имате откажано од месото. Тофу сирење, супи, кус-кусм алги, леблебии, едемама бургери од печурки…се само некои од опциите со кои започнува откривањето на феноменалните вкусови и радости за непцата.

 

Вегетаријанството се уште се смета за жртвување, а не за стил на живот. За одрекување, а не за последица од внатрешни потреби и желби. Исто така, посоти убедување дека е нездраво, посебно за малите деца. Што, секако, не е вистина.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина