Секојпат кога имате некој проблем, побарајте помош во мирисите, кои имаат терапевтско дејство. Стрес, нервоза, проблеми во семејството, со децата… Сето тоа може да влијае на нас и на нашето расположение, но на тоа мора да му се стави крај. Кога ќе се најдете во таква ситуација, доволно е покрај себе да имате терапевтски мириси и се ќе биде полесно.

Во зависност од проблемот, одберете мирис кој во најкусо време ќе го реши истиот.

Ако сте под стрес – вдишете мирис од камилица

Со својата слатка арома, камилицата ќе ви ги опушти умот и телото.

Ако не можете да спиете вдишете мирис од лаванда

Ова масло има повеќе ефекти, освен активирање на вашето тело за спиење. Содржи природна хемикалија линалол, која ги балансира човековите емоции и која е совршен антидепресив.

Ако имате премногу работа и ве фатила нервоза – вдишете балзам од ела

Ова масло со лесен мирис кој опушта може да ви помогне да се опуштите и да го расчистите умот и телото. Создава баланс, па е совршен за вакви ситуации.

Ако немате инспирација – вдишете мирис од црвен грејпфрут

Цитрусната арома има голема улога во подигањето на расположението. Со нејзиното вдишување ќе ја повратите енергијата и правецот на размислување, па со леснотија ќе можете да ги завршувате вашите проекти.

Ако имате главоболка вдишете мирис на пеперминт

Освежувачката нота на пеперминтот, која лади, ќе ве разбуди и ќе го подигне нивото на внимателност, ќе ја ублажи болката и тензијата од главоболката.

Ако имате проблеми со помнењето – вдишете мирис од рузмарин

Главниот ефект од ова масло е намалување на анкциозноста, но студиите покажале дека мирисот од рузмарин исто така помага и во подобрувањето на помнењето и концентрацијата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина