Еден од најпопуларните модели на деведесеттите години и денес докажува дека во 51 година од животот може да се биде сопственик на фантастична фигура.

Тајната на нејзината хармонија е во редовното спортување и правилната исхрана, Но, понекогаш Синди си дозволува да се опушти и да јаде ,,забранети,, намирници, кои се ,,лепат,, на колковите, стомакот и задникот.

За брзо да се ослободи од несаканите сантиметри и непотребните килограми, таа ја користи следнава мини диета.

Идеалната тежина на Синди Крафорд е 58 килограми. Висока е 177 сантиметри и оваа тежина ја оддржува целиот свој живот. Диетата ,,Зона,, ја има развиено американскиот биохемичар Бари Сирс во 1995 година и од тогаш Синди се придржува до овој режим на исхрана секогаш кога има проблеми со килограмите.

Со оваа диета нема гладување и главни се 5 – 6 оброци (ручек и вечера и плус две ужини кои не смеат да се пропуштат!) Сите оброци се во мали порции. Во спротивно, метаболизмот се забавува, а телото почнува да ги складира мастите.

 

Второто правило е целата диета да биде избалансирана: 30% протеини, 40% јагленохидрати и 30% масти.

 

Идеја за оброци во текот на еден ден:

 

  • Појадокпржени јајца, парче тврдо сирење (30 гр.) и парче ржан леб
  • Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 гр.)
  • Ручекриба или пилешко месо (150 гр.) со смрзнат зеленчук, мало парче ржано парче леб
  • Ужинапортокал или 30 грама сирење
  • Вечера: варено говедско месо (150 гр.), салата од зеленчук (100 гр.) со една лажица маслиново масло, четвртина лажица варен граваа
  • Пред легнување: чаша јогурт или кефир со ниска масленост

 

Како и сите ние, и Синди понекогаш не може да си забрани да изеде еден хамбургер, Потоа почнува напорно да тренира и да ја применува оваа недела две недели. По овој период, се ослободува од вишокот килограми (за една недела можат да се загубат и до 5 килограми).

Главно јадење на оваа диета е нискокалорична супа од бела залка. Таа треба да се јаде пет пати дневно. Се подготвува на вода со додавање моркови, пиперка, целер, зелен грав, зелен кромид и магдонос. Магдоносот помага за нормализирање на варењето и е добар диуретик. Супата не смее да содржи компир и друг зеленчук кој е богат со јагленохидрати.

Покрај супата, можете да додадете и свежо овошје и зеленчук, млеко (еднаш неделно, не повеќе од 250 мл.), јогурт (еднаш неделно, не повеќе од 150 мл.) и кафеав ориз.

 

Можете да јадете и месо (пилешко или мисиркино месо, не повеќе од 150 гр. или риба (200 гр.), готвена на пареа.

 

Пијте чиста вода без ограничување. Дозволен е исто така и зелен чај и црно свежо подготвено кафе без шеќер и млеко (најмногу два филџана дневно).

 

Во текот на диетата забранета е конзервирана храна, производи од леб и брашно, слатки, газирани и алкохолни пијалоци.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина