Мицералната вода е совршен производ кој ја чисти и негува кожата на лицето. Поради фантастичните ефекти, жените ширум светот ја имаат ставено на листата на фаворитни производи. Името мицерална вода е изведен од зборот мицеле (анг. micelles), кој ги означува молекулите во водата кои ги отстрануваат маслата и нечистотиите кои се насобрале на кожата. Всушност, овие микрочестички совршено ја вадат шминката од лицето, чистат и тонизираат.

 

Правилно чистење на лицето за сите типови кожа

 

Постојат повеќе видови мицерална вода: за сува, чувствителна, комбинирана или масна кожа на лицето, како и кожа склона на мозолки и акни. Токму затоа, меѓу мноштвото различни видови, постојат некомедовни мицерални води – што значи нема да предизвикаат затнување на порите, поради што претставуваат алтернатива на ракавиците. Како и кај секој производ за нега на кожата, треба да го пронајдете оној кој е идеален за вашата кожа.

 

Секојдневни ритуали за чистење на кожата

 

Додека маслата и мелемите се погодни за вечерна рутина за негување на кожата на лицето, благодарение на својата текстура, мицералната вода може да се користи и за дневна и за вечерна нега. Ако, пак, користите тешка и силна шминка, покрај мицерална вода ќе ви биде потребен и регуларен тоник, за да можете да бидете сигурни дека кожата е целосно чиста. При патување, кога имате ограничен пристап до вода, мицеларната вода е одлична опција.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина