Сонот, кој се состои од повеќе фази, честопати се поврзува за едно од најгенијалните имиња во светот на уметноста, изумителот од ренесансната ера, Леонардо да Винчи. Му било потребно многу време за да ги развие своите идеи – време кое често го немал. Сакал да го искористи максимално времето за работење, а минимално за спиење. Тој план подразбирал да го ,,разделинормалниот период од ноќниот одмор на неколку деловиодносно на повеќе фази, што довело до праксата на спиење од само неколку пати во текот на денот. Така да Винчи спиел по 15 минути на секои четири часа. Како резултат на тоа, спиел само по час и половина секој ден. Времето кое го штедел од одморањето почнал да го користи за креативна работа. Тој рекол дека овој метод го користел долга низа години од својот живот, и дека никогаш не се почувствувал уморен.

Познато е дека во физиолошки услови, најпродуктивно време за работење и креативност е следено од период на сон. Тоа е времето кога капацитетот на еден човек за работење е посебно висок. Прекинувањето на нечие будно време на секои четири часа со кратки периоди на одмор води до зголемување на капацитетот за работење, што е директна последица од ваквиот вид одмор.

Годините на вежбање и експериментирање на оние кои го следеле примерот на Да Винчи, му овозможиле на сајтот Bright Side да ги одбере следниве неколку најефикасни варијации на повеќефазниот сон:

  • Спиење по 30 минути на секои 6 часа (dymaxion метод);
  • Спиење по 20 минути на секои 4 часа (uberman метод);
  • Спиење навечер по 1.5 3 часа и потоа три пати во текот на денот од по 20 минути (everyman метод);
  • Спиење навечер по 2 часа и еднаш попладне по 20 минути (Тесла метод)
  • Спиење навечер по 5 часа и по 1.5 час попладне (Сиеста метод).

 

Сепак, треба да се има предвид дека секое тело е различно, а различни типови од повеќефазниот сон можеби нема да бидат за секого. Стручњаците предупредуваат дека ако планирате да преминете на ваков одмор – работење распоред, не возите автомобил ниту да носите важни одлуки додека не сте сосема сигурни дека недостигот на сон нема да има последични ефекти. Сонот е многу скапоцен за нашиот ум и тело, а само една непроспиена ноќ не може да се надомести. Понекогаш не измачува и несоница. Тоа може да е поради разни стресни ситуации низ кои минуваме или поради некаков здравствен проблем. Која и да е причината, погледнете што можете да направите за побрзо да заспиете:

  • Одбегнувајте да пиете кафе навечер
  • Оставете ги цигарите засекогаш! Никотинот е стимуланс и поради тоа може да ви биде потешко да заспиете
  • Легнувајте си секоја вечер во исто време, за тоа да ви стане рутина
  •  Одбегнувајте да вежбате навечер. Вежбајте порано во текот на денот за да имате мирен сон
  • Одбегнувајте да консумирате алкохол. Иако тој може да ве заспие, веројатно ќе се будите во текот на ноќта за да одите во тоалетот

  • Обидете се да дишете опуштено. Сконцентрирајте се повеќе на абдоменот отколку на градите, и дишете длабоко

Тагови: сонспиење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина