Местото на салото покажува од што патите
Секој тип на маснотии зборува за здравјето и за прехранбените навики на својот сопственик. Иако градбата на телото во најголема мера е предизвикана од генетиката, распоредот на маснотиите исто така зборува повеќе за нашето здравје отколку што мислиме.
Сало на стомакот
Стомакот ви е проблематичниот дел ако изгледа дебело или надуено и ако ниту по големо губење на телесната тежина не сте имале рамен стомак, а кај секое дебелеење тоа прво го забележувате на стомакот.
Причина за трупање маснотии на стомакот најчесто е стресот.
Решение:
Добрата вест е дека за ослободување од маснотиите на стомакот не поребно пренапорно да се вежба, бидејќи интензивните аеробни вежби ќе го зголемат производството на кортизолот. Тука најмногу ќе помогнат смирувачки вежби, како јога или пилатес, кои ќе го нападнат салото на стомакот и ќе го намалат стресот.
Исто така, белиот леб, слатките, цитрусните овошја и алкохолот ги надувуваат цревните бактерии, па затоа консумирајте ги во помали количини. Протеините, како што се пилешко, риба, зелен зеленчук и оној зеленчук кој е богат со влакна, како компирот, маслинките и цвеклото, ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот низ цревата и го стимулираат варењето.
Силни листови на нозете
Ако листовите ви се подеднакво широки како и колковите, имате потешкотии со проноѓањето на соодветни чизми, често патите од несоница и понекогаш нозете ви се тешки, вашето проблематично место се лисовите. Отеченоста и тежината во листовите најчесто се последица од недоволно одморени нозе, будење сред ноќ и недоволна количина на сон.
Решение:
За да постигнете подлабок сон и квалитетно да се наспиете, три часа пред легнување одбегнувајте какви било јагленохидрати и шеќери. Кофеинот од кафето и чајот може да доведе до задржување на водата во листовите, ноисто така и да го попречи сонот. И пиењето многу течности пред спиење не е добра идеја. Недостатокот на витаминонт Б исто така доведува до таложење на вода во листовите. Обидете се да јадете повеќе риба, говедско, јаткасти плодови, јогурт и јајца, кои изобилуваат со овој витамин.
Сало на грбот
Маснотијата која се насобира на грбот почеста е кај жените. Оние кои имаат сало на грбот исто така имаат и во близина на пазувите. Ваквот вид на насобирање на маснотии кажува дека телото потешко ги вари јагленохидратите.
Решение:
Максимална редукција на јагленохидратите во исхраната и замена на белото брашно со она од цело зрно ќе помогне да се намалат овие маснотии.
Маснотија на рацете
Насобирањето на сало на надлактиците е показател дека рацете се проблематичниот дел. Ако тешко можете да го намалите нивниот обем, тогаш најверојатна причина за тоа е таложењето на токсини во телото.
Оние кои имаат поголми количини на бисфенол А во организмот се повеќе склони на насобирање на маснотии на рацете. Најголм дел од бисфенолот А воорганизмот доаѓа преку контакт со пластика, па доколку се одбегнуваат пластични шишиња, веќе за три дена ќе се намалат овие количини на бисфенол А во телото, и тоа дури за 77%.
Решение:
Наместо пластични, користете стаклени или шишиња од други материјали. Одлично решение за ослободување на салото од рацете дава јогата Бикрам, која вклучува вежбање во простории со зголемена влажност на воздухот и температура. Таа го забрзува процесот на потење, а со самото тоа и елиминирањето на токсините. Вебите како обратен склек т.е. склек за трицепси ќе ја зајакнат циркулацијата во рацете и ќе го намалат обемот на масното ткиво.
Надуени образи
Ако имате округло лице, подбрадок и првите знаци на дебелеење ви се јавуваат на лицето, најверојатно причината за тоа е задржувањето на вода. Често маснотијата на лицето е она на вратот, а причината е прекумерно консумирање алкохол. Тој ја дехидрира кожата, а дехидратацијата поврзана со алкохол предизвикува задржување на водата на лицето.
Решение:
Намалете ја количината на алкохол и поттикнете ја циркулацијата на тој дел со лесни кружни движења, неколку пати на ден. Започнете од носто и масирајте кон надвор, во насока на ушите.