Растението тахебо (Tabebuia avellanedae или Tabebuia altisima) било најзначајниот лек на латиноамериканските Индијанци. Благодарение на бразилските доктори Теодор Мајр и Прет Роуз, кои ги докажале неговите исклучителни својства, денес за неа знаат ширум планетата. Овие стручњаци тврдат дека постигнале завидни резултати во лекувањето на леукемија и други видови рак, но и на други “неизлечливи” болести. Јужноамериканското растение со индијанско име има два вида, кај народот познати како Ипе рохо (tabebuia avellanedae) и Пау Д Арко (Tabebuia altisima). Првиот вид има привлечни виолетови цветови, а другиот – црвени. И двете се месојадни и се хранат со инсекти. Во нивната кора научниците пронашле состојки неверојатно отпорни на габи и спори.

Тахебото најмногу го користат болните од рак и алергии. Пау Д Арко го ослободува телото од токсини, му дава виталност, ја освежува психата, ублажува депресивни состојби, несоница, патолошки проблеми, успешно лекува херпес. Чајот се прави од внатрешната кора на дрвото, која може да биде смелена или искината на парчиња.

  • За полесни заболувања, чајот се прави така што една полна супена лажица од кората се потопува во еден литар вриена вода. Се остава да остои 5 – 10 минути, се процедува и се пие.
  • Кај потешки болести, во 2 – 3 литри студена вода се ставаат 5 супени лажици од кората и се варат до вриење. Кога ќе проврие, се трга од ринглата, се процедува и се пие во текот на денот во различни количини, зависно од природата на болеста.

Кај одделни луѓе тахебо чајот на почеток може да предизвика непријатно чувство. Во тој случај терапијата треба да се започне со шолја чај дневно, па постепено да се зголемува количината, во зависност од тоа колку траат непријатностите.

Јужноамерикански рецепти

Анемија

На почеток на терапијата се пијат 3 – 4 шолји дневно незасладен чај. Кога ќе дојде до подобрување на здравствената состојба, се намалува количината на 2 шолји дневно.

Артериосклероза

Терапијата започнува со 3 – 4 шолји чај дневно, а штом ќе се поправи состојбата, се намалува на една шолја.

 

Астма

Се пијат 4 – 5 шолји чај на ден. За терапијата да биде успешна, се препорачуваат бањи и инхалации со овој чај и задолжително топли тахебо облози на градите.

Кандида и други габични заболувања

Во првите денови се пие по една шолја чај дневно, а подоцна количината постепено се зголемува до максимални 5 шолји. Против егзема се пие по еден литар чај дневно неколку месеци и на проблематичните места се ставаат облоги од талогот од кората која е претходно сварена.

Дијареја

Старите доктори оставиле записи дека за дете со дијареја доволна е една шолја тахебо чај дневно. Докажано е дека кај силни воспаленија го регулира варењето за недела дена, ако дневно се пие по еден литар чај.

Чир и гастритис

Чајот се пие неколку месеци, 3 – 5 шолји на ден. Кај гастритис се пие по еден литар чај и се одбегнуваат зачинети и тешки јадења.

Дијабетес, грип, мигрена

Кај дијабетес се пие литар чај неколку месеци. Грип се лекува со 4 – 5 шолји кај дневно со тахебо бањи и инхалации во траење од 15 до 20 минути. За мигрена се пијат 3 – 4 шолји чај дневно колку што е можно подолго, а потоа дозата се намалува на 2 шолји во текот на денот.

Изгореници

Се пие по еден литар чај дневно, а на болните места се ставаат студени облози од тахебо неколку пати во текот на денот. При првото ставање, облогата може да предизвика силни болки, но тие не траат долго.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина