Не е многу познато дека токму месечината влијае на тоа дали ќе бидеме задоволни со новата боја на коса или дали маската за подмладување ќе ги даде посакуваните резултати. За жал, совремниот човек, кој се помалку живее во хармонија со природата, заборавил на дамнешното знаење за влијанието на месечевата енергија врз неговиот психофизиолошки живот.

Денови на млада месечина

Ден пред, самиот ден, и еден ден потоа, се најдобрите денови за чистење на организмот и за поттикнување на излачување н штетните и отровни материи од телото по пат на посебен режим на исхрана, класични постови или земање додатоци во исхраната во вид на препарати кои помагаат во тој процес. Затоа овие денови е пожелно да се консумираат само варени зеленчуци, свежо овошје, овошни сокови, варен ориз или да се пости со растителни чаеви, супи од зеленчук и вода. Деновите на млада месечина се идеални за нови почетоци и за успешно одвикнување од старите, лоши навики. Тогаш може да се преоѓа на нов и поздрав начин на исхрана, со диета, рекреација или одвикнување од пушењето, кафето и друго. Имено, тогаш ќе имате повеќе енергија и мотив да продолжите или да го довршите сето она што сте го започнале во овој период. Ова време е иделано за нега на рацете и ноктите, затоа маникирот и педикирот ќе вродат со видливи резулати. Овие денови исечените нокти побавно растат и се поквалитетни. Потстрижувањето на косата на деот на млада месечина дава поубава и побујна фризура.

Период на месечината која се полни

Времето од младата до полна месечина е иделано за примање, собирање и акумулирање на енергија и за регенерирање. Периодот во кој телото е спремно за примање и искористување е како создадено за различни козметички третмани, кои за цел имаат поттикнување на убавината, здравјето и подмладување на телото и лицето, но и на целиот организам.

Во овој период, посебни дополнителни козметички третмани, различни маски, ампули, хранливи креми за лице и тело и ,,пакувања,, за коса, даваат оптимални резултати. Оптимално и многу видливо е делувањето на кремите и разните методи за регенерација и подмладување, посебно за ублажување на брчки. Исто така, телото подобро ги искористува и додатоците во исхраната, витамините и минералоте, како и лековите.

Сите физички активности, посебно оние насочени на јакнење на мускулната маса и вежбите наменети на проблематичните зони на телото, даваат многу подобри резултати во овој период. Косата потстрижена во овој период многу побрзо расте, а бојата нанесена на неа ќе биде поинтензивна, попостојана и подобро ќе ги покрие белите влакна. Со оглед на тоа што телото во овој период подобро го искористува и акумулира она што ќе го внесеме како храна, треба да се одбегнуваат масни и слатки храни и да и се даде предност на здравата храна, чии хранливи состојки делуваат позитивно на целокупниот ие организам.

Денови на полна месечина

Ден пред, самиот ден и денот потоа, иако можат да делуваат многу негативно на човековата психа, имаат и некои свои предности. Негативното делување (на притмер, нарушување на сонот, внатрешен немир, претерана чувствителност, нарушување на концентрацијата и неврозата) можат да се одбегнат со медитација или јога. Овие денови треба да одбегнувате посета на стоматолог, операции и други медицински зафати, бидејќи постои поголема можност за појава на рази компликации, па закрепнувањето трае многу подолго, раните посилно крварат и побавно зараснуваат, а отоците се поизразени и потешко се повлекуваат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина