Околку немате навика да си ги прегледувате своите интимни делови, тогаш можеби не сте свесни за фактот дека вагината се менува како што старееме, исто како и остатокот од нашето тело. Секако, секоја жена – и секоја вагина – се различни, но еве што може да очекувате.

 

 

Триесетти

 

Ако со години користите контрацептивни пилули, ќе забележите сувост на родницата. Со оглед на тоа што тие ја спречуваат овулацијата, исто така ја намалуваат и влажноста секој месец во тој период. Оние кои имаат родено можат да забележат дека срамните усни ја промениле бојата и станале потемни. Иако муску  лите на вагината се способни за да се вратат во нормала по породувањето, може да се случи да дојде до отпуштање на срамните усни поради потешко породувње. За да одбегнете инконтиненција, задолжително вежбајте ги мускулите на карличното дно.

 

Четириесетти

 

Ако со години ги бричете или скубите влакненцата на тој дел, сега може да е забележите промени во пигменацијата на кожата. Влакненцата стануваат потенки, а тоа може да се му се припише на процесот на стареењето. Падот на естрогенот сигналиизра почеток на менопаузата, па може да имате проблеми со сувоста на родницата и промените во вид н опуштање на мускулите.

 

 

Педесетти

 

За време на менопаузата може да се забележат најголеми промени. Недостигот на естроген води до потенка, помалку еластична и сува вагина, а тоа може да ги отежне сексуалните односи и да предивика инфекции поради бактериите кои се ,,населат,, во тој дел.

 

Шеесети

 

Брановите на топлина и потењето можат да потраат и неколку години, а по неа состојбата на вагината се влошува. околу 50% до 60% од жените се ќали на сувост на вагината, во шеесетите години, сексот може да биде проблематичен и да доевде до непријатности. Жените кои се во постменопауза исто така може да доживејат сериозни промени, како што е пролапс на сврзното ткиво кое ги држи матката, па дури и цревата. Ако е ситуацијата сериозна, поребна е консултација со доктор.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина