На сите нам ни се случуваат, но зошто менталните магли настануваат и дали се опасни?

Одеднаш не можете да се сетите на вообичаените нешта: по што сте тргнале во кујната или како се вика некој. На сите нас ни се случува тоа, но ,,зашеметеноста на мозокот,, може да биде последица за други здравствени проблеми. Менталната магла, односно brain fog, е неспособност за пробој, наведува американската докторка Меди Хорниг. Таа додава дека тоа е нејасно чувство, како кога се обидувате да дофатите нешто, но не можете да се фокусирате на тоа. Нејзината минливост прави голема разлика помеѓу замагленоста и деменцијата. Поради замагленоста може да заборавите каде сте го паркирале автомобилот во трговскиот центар, но деменцијата може да направи да биде невозможно да дојдете воопшто до центарот. Не постојат многу научни докази кои би можеле да објаснат што се случува кога ќе настапи маглата.

Научниците се уште немаат пронајдено начин за мерење или за тестирање на маглата како што тоа се прави со деменцијата. Сепак, до ментална магла најчесто доаѓа поради недостиг на сон, но постојат уште неколку можни причини.

Ако често ни се случуваат магли, можно е тие да укажуваат на деменција или на биполарно нарушување. Неодамнешните истражувања покажале и дека стресот може да ги загрози деловите од мозокот кои се одговорни за меморијата и така да го нарушат балансот. Слично е и ако сме преоптоварени односно премногу зафатени. Поради денешните потреби за мултитаскинг почнавме да забораваме нешта, порачуваат стручњаците. Исто така, одредени антибиотици, лекови за инконтиненција, како и оние за крвен притисок можат да предизвикаат ментално заматување. Тука се и лековите против депресија, лекови против болки и алергии. Исто е и со лошите прехранбени навики. Недостигот на витаминот Б12 е поврзан со помнењето и проблемите со размислувањето. Исхраната богата со глутен исто така може да биде причина за ментална магла.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина