За оваа диета да биде ефикасна подолго, треба да се промени секојдневното мени со ова:

ПРВ ДЕН

Појадок: Исецкајте една зрела круша и измешајте ја со три лажици овесни снегулки, лажица пченични никулци, 150 мл. обезмастен јогурт,

Ручек: Еден кромид и 100 гр. шампињони исечете ги на кругови и додајте свеж босилек. Во друг сад измешајте лажица масло од сусам, лажица соја сос, лажица мелени ореви и додадете ја оваа смеса во кромидот и шампињоните. Зачинете и измешајте се во претходно сварени тестенини.

Вечера: Издинстајте ситно сецкан лук и 40 гр. ориз на малку масло. Додајте 2 дл. супа од зеленчук и оставете да врие 15 минути. Потоа додадете еден поголем ситно исецкан кромид, 100 гр. домати и оставете да се динста уште 10 минути. Зачинете со сол и зачини.

 

ВТОР ДЕН

Појадок: Една ржана земичка намачкајте ја со две лажици нискокалоричен маргарин, ставете по еден лист кашкавал и краставица.

Ручек: Околу 250 гр. домати сварете ги, излупете ги и исечете ги на коцки. Исечкајте ситно едно чешне лук и кромид и пропржете ги малку на масло. Додајте им ги доматите и динстајте. Додајте една лажичка интегрално брашно и прелијте со 500 мл. супа од зеленчук и оставете да врие 10 минути. Потоа додајте две лажици исецкан босилек и една лажица препечен леб.

Вечера: Една лажица интегрален леб намачкајте го со 30 гр. младо сирење. Додајте растителни зачини. Изрендајте два моркова. Помешајте ги со зачините, додајте една лажичка лимонов сок и лажичка масло. Наросете одозгора со лажичка препечени семки од сончоглед и јадете го лебот.

ТРЕТ ДЕН

Појадок: Јаболко, банана и малку ананас измешајте со една лажица суво грозје, овесни снегулки, пченкарни снегулки и малку млеко.

Ручек: Сварете во посолена вода околу 40 гр. интегрален ориз. Исечкајте на ленти 150 гр. пилешки гради, додајте две лажици бело вино и соја сос и маринирајте ги околу 15 минути. Месото препечете го на малку масло, посолете го и зачинете го. Додајте кромид и чешне лук. Прелијте со маринадата и со пет лажици супа од зеленчук.

Вечера: 250 гр. домати помешајте ги со малку ситно исецкан кромид и прелијте со две лажици супа од зеленчук, лажичка јаболков оцет и лажица масло.

ЧЕТВРТ ДЕН

Појадок: Едно парче интегрален леб намачкан со путер, врз која ќе ставите тенко исечена шунка.

Ручек: На малку масло пропржете 150 гр. компир исецкан на коцки. Додајте му тиквичка и пиперка исто така исецкани на коцки. Додајте сол, црвен пипер и зачини. Пржете уште 15 минути. Потоа додајте 100 мл. Супа од зеленчук и ловоров лист. Наросете со 30 гр. рендано овчо сирење.

Вечера: 250 гр. тиквички исечени тенко пржете ги на маслиново масло околу четири минути. Потоа додадете извадете ги во чинија и додадете им две лажици вински оцет, ситно исецкан лук, лажица босилек и лажица маслиново масло. Посолете ги и зачините.

ПЕТТИ ДЕН

Појадок: Измешајте една чаша јогурт, две лажици мед и четири лажици пченкарни снегулки.

Ручек: Едно јаболко и круша исечете ги на оцки и прелијте ги со лимонов сок. Додадете во нив две-три суви смокви. Земете 100 гр. јунешко месо, послолете го, зачинете го и пропржете го од двете страни. Сервирајте го со овошјето. Како прилог послужете интегрален леб.

Вечера: Посолете 200 гр. филе од ослиќ. Една пиперка исечете на коцки и ставете ја да се пржи на малку путер. Додајте и две чешниња ситно сецкан лук и пржете ги околу три минути. Додадете ја рибата, зачинете, посолете и додајте табаско сос, две лажици лимонов сок и малку ситно сецкан магдонос.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина