Нашата народна поговорка вели- „Некогаш лекот е и пет пари, само треба да го знаетеˮ! Болки во мускулите, попладнвен замор, несоница, главоболки или благата болка во зглобовите се симптоми кои можете  да ги намалите или елиминирате само со помош на намирниците кои ги имате во кујната! Ви ги откриваме осумте магизчни намирници- мевлем од домашните кујни….

 slika1

 

Попладневен замор – сирење и крекери

Во крекерите се содржат  витамините Б6 и Б12 (оние кои се од 100% цело зрно, како прва состојка), додека сирењето се состои од протеини. Комбинацијата на овие две состојки го стимулира производството на серотонин во мозокот, што ви дава енергија за напорното поладне кое претстои. Но, изедете само мала  количина – грст рака.

Ако сакате побрзо да заспиете- сок од вишни

Цреши содржат мелатонин, кој го поттикнува спиењето. Освен во црешите, се наоѓа и во оревите и бананите. Едно истражување покажа дека луѓето кои пијат секојдневно сок од цреша имаат подобар квалитетот на спиењето од оние кои не пијат.

За побрзо зацелување на раните – Ананас

Ова тропско овошје содржи бромелаин, состојка која ја смирува воспалената кожата која се јавува по гребаници. Во текот на денот, изедете чаша и половина ананас и пијте вода за да се забрза исцелувањето на раните.

Подуеност и отекување – чај од камилица

Камилицата ги опушта мускулите на дигестивниот тракт, а водата во чајот го подобрува варењето на храната и елиминирањето на вода од телото (ако сте дехидрирани вашето тело ќе ги задржи течностите) .

Против главоболка – лубеница

Лубениците се богати со вода и хранливи материи кои се добри за мозокот. Дури и мала дехидрација може да доведе до чести и тешки главоболки. Малата количина на природен шеќер од ова овошје ќе им даде енергија на мозочните клетки и ќе ја зголеми будноста.

Против алергија – магдонос

Магдоносот може да ги спречи алергиите поради тоа што содржи антиоксиданс наречен кверцетин, кој го намалува ослободувањето на хистамин. Помалку хистамин значи дека ќе имате помалку симптоми кога ќе бидете изложени на алергени.

За болки во зглобовите – куркума

Благодарение на антивоспалителните својства на куркумата, доаѓа до ублажување на болниот арттитис  и отоците поврзани со оваа болест, ги подобрува имунитетот и варењето на храната. Овој зачин делува и како превенција против ракот и Алцхајмеровата болест. Ставете лажичка од овој зачин во супата од зеленчук или сварете го со оризот.

За болка во мускулите – малку маслиново масло

Маслиновото масло е добар извор на олеокантал, кој делува како лек за ублажување на болката. Всушност, истражувањата покажуваат дека конзумирањето на околу три и пол лажици маслиново масло во текот на денот делува исто како и околу 10% од стандардната доза на ибупрофен.