Повеќето луѓе со кои се среќаваме имаат лош сон. Не е ни чудо, бидејќи е докажано дека милиони луѓе во светот страдаат од постојано пореметување на сонот. Некои истражувања покажуваат дека околу 80% од луѓето кои се јавуваат на доктор имаат барем некаков проблем со спиењето. Добриот, длабок, здрав сон се чини дека е дел од минатото. Затоа денес се повеќе се појавуваат клиники кои се занимаваат со нарушувањата на сонот, како и разни работилници и техники кои можат да го олеснат овој проблем. Јогата може многу да ни го поправи квалитетот на сонот со помош на асаните (свесни физички движења), вежбите за дишење и со посебните вежби за опуштање, како што е јога нидра. Оние кои редовно вежбаат јога, живеат подолго, немаат стрес, опуштени се, срцето им работи оптимално и воопшто имаат одлично здравје.

Напнатоста не дозволува добро да се одмориме и да ги нахраниме ткивата, што доведува до зголемување на нивото на токсини во телото и излачување на разни хормони, кои пак доведуваат до уште поголема напнатост. Така се создава еден круг кој не можеме лесно да го прекинеме. Еве како тоа изгледа во пракса: кога сме напнати, не можеме да се опуштиме и тогаш е тешко да се заспие. Недоволниот и неквалитетен сон не прави уморни. Така уморни стануваме пораздразливи и навечер пак не чека несоница. Најлошо е што со тек на време почнува да не фаќа страв да си легнеме, поради агонијата на превртување во текот на бессоните ноќи.

Добриот сон е многу важен и вреди да се поврати. А за тоа од непроценлива важност е да се усогласи ритамот на спиење и исхраната со природниот ритам на сонот и ноќта. Ова исто така е тесно поврзано со хормонот мелатонин, бидејќи тој е поврзан со квалитетот на спиењето. Мелатонинот делува врз телото на човекот на начин кој традиционално се врзува со јогините. Тој носи големи бенефити, а неговото излачување се одвива исклучиво навечер, па затоа е важно да имаме добар сон. Покрај тоа, овој скапоцен хормон го забавува стареењето, подмладува, го продолжува животот, овозможува добар сон, не прави витални, обезбедува добар имунитет и спречува многу заболувања.

Што е тоа мелатонин?

Епофизата е малечка жлезда која се наоѓа во самиот центар на мозокот. Нејзина функција е да произведува хормони кои влијаат врз мозокот и на целиот систем од жлезди со внатрешно лачење. Два исклучително важни хормони се поврзани со епофизата, а тоа е сератонот и мелатонинот. Сератинонот се излачува во текот на денот, и тој не држи будни. Го нарекуваат хормон на доброто расположение. Мелатонинот, пак, е исто така важен, бидејќи не води во сон. Тој се излачува само во текот на ноќта, додека е темно. Затоа секакво интензивио светло за време на ноќта ќе го спречи неговото излачување. Постојат посебни рецептори за мелатонинот во клетките и жлездите задолжени за имунолошкиот систем. На тој начин ноќниот меланин го продолжува животот, го спречува ракот и го зајакнува инунитетот. Докажано е дека мелатонинот делува како силен антиоксиданс, што помага во спречувањето на многу други болести, како срцеви заболувања, катаракта, Алцхајмерова болест и чир на желудник, а и ги држи хормоните за стрес под контрола.

Храна полна со мелатонин

Како да го подобриме создавањето на мелатонин во телото? Освен со раното одење во кревет, неговото излачување можеме да го засилиме со земање храна која го содржи во себе овој хормон. Тоа се вишните, оревите, оризот, пченката, ѓумбирот и кикиритките.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина