Медитеранската диета вклучува консумирање на свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, јаткасти, мешунки, риба, маслиново масло и по некоја чаша црно вино, а најновото истражување покажало дека е многу ефикасна во превенцијата на болестите на срцето.

Во истражувањето на универзитетот Харокопио, во Атина, учествувале 2.500 возрасни испитаници на возраст помеѓу 18 и 89 години. Сите учесници добиле задача прецизно да ги бележат намирниците кои ги внесувале во текот на денот, додека оние чија исхрана била најприближна со медитеранската диета по 10 години имале остварено најдобри резултати.
Кај испитаниците кои се придружиле на овој режим на исхрана, процентот на веројатност за настанок на кардиоваксуларни болести во текот на десетгодишниот период се намалил за цели 47%, што е значително поголем процент од оној кој е остварен со вежбање.

Наведената разлика се покажала во иста мерка независно од останатите ризик фактори, како што се возраста, полот, семејната историја, нивото на образование, индексот на телесна маса, пушачките навики и одредени здравствени состојби, како хипертензија, дијабетес и зголемено ниво на холестерол во крвта.

 

Поранешните истражувања покажале дека традиционалната медитеранска диета делува поволнно на слабеењето, намалување на ризикот од дијабетес, понизок крвен притисок и пониско ниво на холестероло во крвта.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина