Медитацијата е одличен превентивен и терапевстки метод, посебно кога се работи за стрес. Во светот се повеќе се применува во здравствените установи, а нејзината вредност е потврдена преку бројни клинички истражувања.

Секој може да медитира, со добра воља и малку трпение. За медитација е потребно да се издвојат 15 минути до половина час на ден, а кога еднаш ќе се совлада, животот повеќе никогаш не е истМедитацијата е одличен начин за да се рестартираме, опуштиме и да ги собереме мислитеПронајдете свое катче во домот, сместете се удобно и почнете свесно да го набљудувате својот здив.

 

Осамете се

Одберете некое тивко место и затемнете ја собата за светлината да не ви ги дразни очите. Исклучете ги телевизорот, радиото, компјутерот, часовникот, телефоните и се друго кое знаете дека може да ви пречи. Ако медитирате на отворено, исто така е важно да го правите тоа на тивко место.

 

Препуштете се

Седнете во положба која ви е најпогодна. Важно е рбетот да ви биде прав, а рамењата опуштени. Рацете можете да ги ставите во скут или на колената. Затворете ги очите, опуштете го телото, препуштете се целосно на силата на Земјината тежа. Ако не ви поаѓа од рака да се опуштите, прво вкочанете ги сите мускули, па дури потоа опуштајте се. Помислете како се чувствувате смирено и удобно и речете си дека мирот е вашата природна состојба.

 

Насочете го вниманието на дишењето

Потрудете се да го почувствувате целото тело. Уживајте во својата смиреност, опуштеност и безбедностСлушајте како срцето мирно и силно ви отчукува. Свесно насочете го вниманието на својот природен здив во пределот на ноздрите и во носните канали. Дишете полека, слободно и длабоко. Додека го задржувате здивот, размислувајте за тоа колку сте смирени и колку ви е удобно. На овој начин дишете од 20 до 20 минути.

 

Бидете трпеливи

Пред да започнете со медитирање, важно е да не очекувате веднаш големи резултати. Бидете подготвени за тоа. Бидете задоволни што и да почувствувате. Важно е да научите да бидете трпеливи и во исто време љубопитни.

Стекнете навики

Обидете се да медитирате барем 15 минути дневно. Тоа можете да го правите наутро, непосредно по будењето, или навечер, кога ќе завршите со сите обврски и кога ви е полесно да се опуштите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина