Манука медот е познат по своите исклучителни антибактериски својство по тоа што е отпорен на растворање, светлина и топлина. Една истражувачка група од Нов Зеланд, од Универзитетот Ваикато, открила во 1981 година дека манука медот е стабилен, моќен и дека поседува единствени бактериски својства кои не се присутни во ниту еден друг мед. За ваквите ефекти придонесуваат пет фактори: високата концентрација на медицински состојки, ниската содржина на вода, малата киселост и присуството на специфични терапевтски соединенија од цветот на манука. Секој манука мед се прави на различен начин. Во зависност од годишното време и потеклото, активните супстанции во него се разликуваат. Најквалитетен манука мед се прави на Нов Зеланд.

Кога ќе се стави на рана, манука медот ефикасно ги лекува инфекциите и се користи онаму каде што антибиотиците не можат да помогнат. Помага и кај изгореници, ја смирува болката и го подобрува закрепнувањето на раните, а добар е и против чиреви. Од раната ја апсорбира водата и ја суши, додека неговите антимикробни супстанции ги уништуваат микроорганизмите кои ја инфицираат. Ефикасен е затоа што се пробива длабоко во кожата, а притоа го јакне ослабениот имунитет. Ги влажни и ги закрепнува кожата и косата. Овој мед може да помогне и кај следниве проблеми: егзем, дерматитис, акни, габични инфекции, воспаленија, астма, алергии, чиреви, анемии и дигестивни проблеми. Се зема околу една лажица орално три пати на ден, а ако се работи за акутно воспаление, тогаш се зема по една лажица на секој час. Сепак, постојат луѓе кои се алергични на пчелните производи, па тие не смеат да го консумираат овој мед, исто како и децата помали од една година.

 

manuka1

 

Во студија спроведена на Универзитеот во Сиднеј, мануката мед ги уништил речиси сте видови бактерии. Ефикасен е дури и против Helicobacter pylori, многу отпорна бактерија кој предизвикува чир на желудник. Здравствените институции на британската влада во 2004 година ја одобриле неговата медицинска употреба при лекувањето на рани. За неговите одлични лековити својства стигаат илјадници препораки од задоволни пациенти кои се излекувале од хроничен бронхитис, бронхијална астма, ринитис или синузитис. Делува дури и врз супербактериите.

Мануката е совршен пример за начин на кој традиционалната медицина ги решава проблемите на модерното општество. Денес, кога модерното општество се мачи со отпорните супербактерии, манука медот се покажал како решение. Тој може да се користи како и секој лек, орално или за надворешна употреба.

Лимонада од манука мед
Изрендајте две лажици ѓумбир, исцедите сок од еден лимон и додадете 0,75 литри вода и манука мед колку што сакате.

Маска за акни
Секоја вечер ставајте манука мед на повредениот дел и оставете да отстои до наутро. Секој ден повторувајте ја оваа постапка додека не се подобри состојбата.

 
Исчистете го лицето, навлажнете го малку и втријте манука мед. После дваесеттина минути измијте го лицето со млака вода. Помага кај сите типови кожа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина