Поголемиот број сексуални партнери може да ги спаси мажите од рак на простатата. Ова истражување го има направено Универзитетот Монтреал, според кое мажите кои ги менуваат партнерките имаат речиси за 30% помал ризик од развој на оваа болест.

Конкретно, истражувањето утврдило дека мажите кои имале повеќе од 20 различни партнерки имаат за 28% помал ризик од развој на рак на простатата од оние кои во текот на целиот живот спијат само со една жена. Исто така, оние кои во кревет одвеле повеќе од 20 жени имаат до 19% помал ризик да заболат од агресивни тумори, пишува Дејли Мејл. Истото не се однесува за оние мажи кои имале повеќе од 20 партнери мажи. Овие мажи дури двојно го зголемуваат ризикот да добијат рак на простатата во однос на оние мажи кои никогаш не спиеле со друг маж. Студијата била спроведена врз 3208 мажи.

Авторот на оваа студија, пишува Ифрес, шпекулира дека за геј мажите е проблематично тоа што аналниот секс е ,,траума,, за простатата. Освен тоа тие се почесто изложени на полово преносливите болести.

Целибатот ги удвојува шансите за заболување

Исто така, за здравјето на мажите важно е редовно да се имаат интимни односи, затоа што редовното ејакулирање ги измива хемикалиите кои се поврзуваат со развојот на рак. Се работи за првата студија која укажува на важноста на бројот на партнерки, а не, како што се веруваше досега, на бројот на односи и зачестените мастурбации. Докторите во Велика Британија велат дека сепак се уште ќе останат воздржани да им препорачат на мажите да станат промискуитетни.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина