Општо е познато дека вежбањето го подобрува здравјето и расположението. Но, знаете ли дека со посетата на теретаната ви се подобруваат и сексуалните перформанси? Вежбањето до три пати неделно може да ви ја подобри флексибилноста, должината на траењето на односот, па дури и техниките на водење љубов. Кои се најдобрите вежби за вас? Еве ги петте најдобри :

Дигање тегови

Зголемувањето на силата на вашето тело ќе ви биде и првиот совет кој ќе го добиете од докторот за подобрување на вашиот сексуален живот. Вежбањето во салата го зголемува нивото на тестостерон, кој е главниот двигател на сексуалниот нагон кај мажите. Некои студии дури го поврзуваат и краткото интензивно вежбање ( кревањето тегови, чучњеви, склекови и стомачни вежби) со најважните фактори во сексот, бидејќи со овие вежби се зајакнуваат оние делови од телото кои најмногу се напрегаат за време на сексуалниот чин.

Кегелови вежби

Овие се веројатно најдобрите вежби за подобрување на перформансите во кревет. Тие ги зајакнуваат мускулите кои го контролираат протокот на урина додека мокрите. При првата прилика кога ќе одите во тоалет, прекинете го млазот на урина и ќе ги изолирате мускулите. Кога добро ќе ги зајакнете, ќе бидете во можност да ја прекинете ејакулацијата пред самиот оргазам. Значи, прекинете го мокрењето кога и да одите во тоалет. За време на едно мокрење, обидете се барем три пати да го запрете млазот урина. Овие вежби се добри бидејќи можете да ги правите било кога, каде. Не мора тоа секогаш да биде во тоалет. Сега кога знаете како да да ги изолирате овие мускули, стегнете ги у опуштајте ги додека возите, седите, јадете, гледате телевизија и сл.

mazi_1

Јога – класика.

Ако сакате да го зачините сексуалниот живот со нови пози, започнете да вежбате јога.

Брзо одење

Во една студија спроведена на над 31.000 маж на возраст над 50 години, истражувачите од Харвард откриле дека аеробните вежби го намалуваат ризикот од еректилна дисфункција дури за 30 проценти. Движењето на воздух ја подобрува циркулацијата на крвта и го одржува крвните садови почисти. Резултатот на тоа е – посилна и подолга ерекција. Трчањето, брзото одење, пешачењето и те како ќе ве опуштат.

Пливање

Една друга студија спроведена од страна на експертите од Харвард, во која биле опфатени повеќе од 160 пливачи над 60 годишна возраст, покажала дека нивниот сексуален живот е сличен на оној кој луѓето го водат во 40-тите години. Пливајте по најмалку половина час три пати неделно и ќе започнете да губите килограми, а за сексот и да не зборуваме; подобрувањето многу брзо ќе стане очигледно.

Обидете се да направите барем некои од овие вежби (најдобро сите). Вашата техника ќе се подобри, издржливоста ќе се зголеми, како и вашата агилност, а и вашата партнерка брзо ќе забележи промени. Па, затоа, доведете го телото во форма и имајте одличен секс!