Јадете масно, а слабеете – звучи неверојатно, зарем не? Иако кокосовото масло навистина има помалку калории од сите други масти, тоа не е главната причина зошто тоа ни помага да ја регулираме телесната тежина. Поважно е тоа што кокосовото масло го заситува гладот многу подобро од сите други масти, а веројатно и од сите други намирници.

Кога се додава кокосово масло во оброкот, побрзо се заситуваме и подолго време можеме да издржиме без да грицкаме нешто. Така, до крајот на денот ќе изедеме помалку храна и ќе внесеме помалку калории. Тоа значи дека ќе имаме помалку вишок калории кои би се претвориле во масно ткиво.

Дава чувство на ситост

Едно прочување кое е објавено во Меѓународното списание за дебелина (International Journal of Obesity) го илустрира овој ефект. Ова проучување го споредило влијането на средноверините масни киселини и долговерижните масни киселини на чувството на глад. Истражувачите откриле дека како што растела содржината на средноверижните масти во храната, така се намалувала количината на изедена храна, а со самото тоа и внесувањето на калориите. Кокосовото масло, кое првенствено се состои од средноверижни масти, може да го засити гладот побрзо и подолготрајно од другите масла кои се користат во исхраната.

 

Го забрзува метаболизмот

Третата причина поради која кокосовото масло има репутација на нискокалорична маст е таа што тоа го подига метаболизмот на едно повисоко ниво. Како што се зголемува метаболизмот, така калориите побрзо се трошат. Со зголеменото согорување на калориите, остануваат помалку од нив за да се конвертираат во телесни масти.
Во една студија која ја мерела потрошувачката на енергијата по оброк кој содржел средноверижни масти (кокосово масло), потрошувачката на енергија кај еден поединец со нормална телесна тежина се зголемила за 48%. Кажано поинаку, метаболизмот пораснал за 48%. Кај дебелите луѓе потрошувачката на енергија се зголемила за неверојатни 65%! (American Journal of  Clinical Nutrition 1991;53:1130-1133), што значи колку некој е подебел, толку посилен ефект има кокосовото масло врз стимулацијата на метаболизмот. Ова е добра вест за дебелите луѓе кои сакаат да го пробаат кокосовото масло за да ослабнат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина