Комплетната нега можете да ја решите со помош на ова масло, вклучувајќи го и проблемот со акните и ноктите. Со него и други проблеми се решаваат, а овие се само неколку од нив.

 

1. Решение за чешање

 

Една студија докажала дека нанесувањето масло од нане на местото кое чеша моментално го решава овој проблем.

2. Раст на косата

 

Низ неколку студии било откриено значително подобрување во растот на косата, бројот на фоликулите и јачината на влакната кај учениците кои ја третирале косата со масло од нане.

3. Антибактериски својства

 

Во природа сте и немате сапун при рака? Во оваа ситуација е пожелно да имате со себе чишенце масло од нане, бидејќи е докажано дека тоа може да убие дури 22 бактериии 11 видови габички!

4. Заштита од сонце

 

Од сите масла кои постојат, маслото од нане има најголем природен фактор на заштота од сонцето. Сепак, ова не значи дека не ви е потребна крема со заштитен фактор во текот на летото.

5. Сјајни и здрави нокти

 

Маслото од нане успешно ги отстранува габичните инфекции од ноктите, кои се честа причина за кршливи нокти.

 

6. Помага во лекувањето на акни

 

Маслото од нане е одлично за оние кои се борат со акните. Со неговото нанесување на лицето се намалува лачењето на маснотии на лицето, кое останува затнато и така создава акни.

 

7. Ги подига расположението и енергијата, го изострува умот

 

Можеби во прашање е релксирачкиот мирис на ова растение, но кога се работи за расположението и за подигање на енергијата, маслото од нане е дефинитивно број еден, посебно во ароматерапијата. Исто така, мирисот од ова прекрасно масло ќе ви го изостри умот и ќе ви помогне да се концентрирате и да донесувате одлуки.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина