Плодот на авокадото е полн со здрави масти и спаѓа во една од најздравите намирници. Авокадото е добро за здравјето на кожата, ја подобрува циркулацијата, ги штити мозокот и срцето и го поттикнува слабеењето. Тајната на овој здрав плод се крие во неговиот состав, кој е составен од 77% масло. Ова е особено лековито масло, чии здравствени и козметички предности може да ги погледнете во продолжение.

 

Богат извор на олеинска киселина

 

Познато е дека олеинската киселина има бројни позитивни ефекти врз здравјето, вклучувајќи го намалувањето на ризикот од некои видови рак, спречување на некои автоимуни болести, брза регенерација на клетките и зарастување на раните, спречување и лекување на инфекции и воспалителни процеси. Олеинската киселина е многу отпорна на оксидација, што знали дека ефикасноста на ова масло не се намалува со негово долготрајно чување.

 

 

Го чува здравјето на срцето

 

Маслото од авокадото има исклучително висока концентрација на бета-ситостерол, тип на холестерол кој нашето тело го користи за претворање на помалку здравите масто во помалку штетни, па дури и во корисни својства. Со голед на тоа што маслото од авокадо делува противвоспалително, тоа помага во спречувањето на оштетувањата на ѕидовите на артериите и во намалување на ризикот од срцеви болести предизвикании од наслојките плак.

 

 

Ја храни и ја негува кожата

 

Витамините и минералите од маслото од авокадото го хранат телото одвнатре, но и однадвор. Витаминот Е, калиумот и лецитинот се примарни хранливи состојки на ова масло и лесно се апсорбираат преку епидермот (најдалечниот слој на кожата) се до надворешната површина на кожата. Маслото од авокадо исклучително ги хидратизира и ги обновува клетките на кожата.

 

Богат извор на витаминот Е

 

Маслото од авокадо предничи пред другите намирници кога се работи за витаминот Е. Овој витамин е растворлив во масти и го негива дравјето на кожата и на очите, го јакне имунолошкиот систем, штити од слободните радикали и делува позитивно на дигестивниот тракт.

 

Ја подобрува дигестијата

 

Ако имате желудочни киселини, чувствувате надуеност или постојан замор, можеби имате проблеми со варењето. Витамините, минералите и здравите масти со кои изобилува авокадото, поттикнуваат поефикасно варење, иако ова лековито масло нема да ги реши проблемите со варењето преку ноќ, брзо ќе почувствувате повеќе енергија.

 

 

Помага при слабеење

 

Високата концентрација на олеинска киселина во маслото од авокадото може да помогне во слабеењето, посебно во комбинација со здрава исхрана и редовни вежби. Маслото од авокадото е густо и полно со хранливи материи, што делува позитивно на побивањето на гладот.

 

 

Ја поттикнува детоксификацијата на телото

 

Маслото од авокадо е богато со хлорофил, кој за себе ги врзува токсините и тешките метали, како што се живата и оловото од црниот дроб, бубрезите, мозокот и другите органи.

 

Го забрзува растот на косата

 

Истите хранливи натерии од маслото од авокадото кои го поттикнуват здравјето на кожата, делуваат позитивно и на косата. Нанесете масло од авокадо на косата и вмасирајте го во скалпот. Оставете го да делува најмалку еден час или преку ноќта, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

 

 

 

Намалува воспаление и чешање

 

Поради своето противвоспалително дејство, маслото од авокадото може да се применува и локално на кожата со цел да остраниме перут или за сува кожа, да ги намалиме изгорениците од сонцето, да ги ублажиме каснувањата од комарци или други инсекти, да смириме егзема и симптоми на псоријаза.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина