Мирисот како сетило прво доаѓа до мозокот. Етеричните масла по пат на олфакторниот систем доаѓаат до лимбичниот дел од мозокот, кој е задолжен за емоциите. Токму тука лежи нивната моќ. Преку мирисите можеме да креираме одредено расположение, да ублажиме потиштеност, стрес и несоница. Ако се одберат правилно, етеричните масла немааат нус-појави и не предизвикуваат зависност. Најдобри за подигање на расположението се цитрусните масла. Тоа се свежите и препознатливи мириси на портокалот, лимонот, грејпфрутот и мандарината. Етеричното масло од кората на лимонот ни помага да се фокусираме и го прочистува воздухот во просторијата. Јапонците и Американците одамна го користат за мирисна анимација на работните простории со цел да ја зголемат ефикасноста и атмосферата на работните места и во истовреме да го подобрат квалитетот на воздухот. Резултатот од тоа се помалку грешки, помал број боледувања и поголем работен елан и расположеност кај работниците.

 

Кога се работи за напади на паника, се препорачува маслото од бергамот и иланг иланг. Бергамот е одличен и при страв од јавен настап. Неколку капки се втриваат помеѓу дланките и се вдишуваат на нос, а се издишува низ уста.

 

Во борбата против нервоза најдобриот сојузник е римската камилица – скапоцено масло и силен спазмолитик кој ги опушта грчевите и смирува нервоза. Етеричното масло, пак, од роза е исто така скапоцено. Се користи за минимална концентрација, но дава одлични резултати и при лошо расположение, потиштеност или безволност.

 

Најдобри антистрес масла:

 

  • Бергамот
  • Маточина
  • Иланг иланг
  • Гераниум
  • Мандарина и сладок портокал
  • Јасмин
  • Розино дрво
  • Лаванда
  • Ветивер

 

Аромамедитација

 

  • Една капка од избраното есенцијално масло протријте ја со дланките и принесете ја до носот. Вдишете длабоко неколку пати, со цел да се опуштите.
  • Вдишете миризливо есенцијално масло и притоа замислете си како тој фин, мирислив воздух ви го исполнува сето тело налик на светлина: замислете си како ја вдишувате таа намирисана, бела светлина во делот на главата, вратот, рамењата, рацете, трупот, бедрата, нозете се до ножните прсти.
  • Дишете доволно длабоко се додека не се здобиете со чувство дека сета ваша внатрешност во телото е исполнета со бела, миризлива светлина.
  • Уживајте во тоа чувство и препуштете им се на миризливите есенции.
  • Вдишете и издишете уште неколку пати, почувствувајте го просторот околу себе, своето тело и отворете ги очите.

 

Топ 5 најдобри совети

 

 

Чувство на тага

 

Мандарината во француската ароматерапија се користи кај хиперактивните деца и во секојдневниот живот, бидејќи поттикнува на смеење. Препорачан метод: арома масажа

 

Лоша концентрација

 

Лимонот ги засилува концентрацијата и будноста, а може да ни помогне при одредувањето цели и при животниот фокус на она што ни е важно. Препорачан метод: дифузер на работното место ли медитација.

 

Чувство како да сме ,,во грч,,

 

Етеричното масло од лаванда или римската камилица опуштаат грчеви и спазми, а на суптилно ниво може да се користи кога сакаме да се ослободиме од нешто кое долго време не измачува. Препорачан метод: арома бања и арома масажа.

 

Стрес и загриженост

 

Слаткиот портокал ги олеснува стресот и напнатоста, а ако не можеме да се сетиме кога последен пат сме уживале вистински, тогаш ова етерично масло е вистинскиот избор. Препорачан метод: арома масажа, бања, медитација.

 

Чувство на немир

 

Маслата со длабоки  мириси, добиени од кора или корен, како кедар, ветивер и пачули, помагаат за враќање на мирот. Исто и ако доцните, сте расеани или сте станале заборавни. Препорачан метод: медитација, масажа, бања.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина