Доктор Џералд Линколн, научник во Medical Research Council’s Human Reproductive Sciences Unit во Единбург, открил дека мажите имаат своја верзија на ПМС, која ја нарекол ИМС (Irritable Male Syndrom/Синдром на машка радразливост), а причината за неа е нивото на тестостерон. Мажите кои се склони на ненадејни напади на бес веројатно патат од ИМС. Со годините, кај мажите доаѓа до нагло опаѓање на тестостеронот, но големите осцилации во нивото на половиот хормон се присутни и кај помладите мажи.

Неочекувани резултати од истражувањето

Постоењето на ИМС прв го открил Џералд Линколн од Медицинскиот истражувачки центар во Единбург. Линколн набљудувал осум овнови со претпоставка дека животните ќе бидат поагресивни во сезоната на парење, кога нивото на тестостерон е високо, но го открил спротивното. Кога количината на тестостерон опаѓа, овните од самодоверливи и способни мажјаци се претвориле во нервозни, повлечени животни, кои биле лесно да е изиритираат.

Линколн тврди дека тестостеронот има силно влијание и врз човечкото однесување и смета дека стресните настани, како што е на пример смртта на милите, развод или тешки болести, можат да предизвикаат нагла флуктуација на нивоата на тестостеронот во организмот. Недостигот на тестостерон предизвикува замор, депресија, раздразливост и намалување на либидото, но има и физички последици, како што се болки, посебно во рацете и нозете, потење и црвенило.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина