Зеленчукот е секогаш добар за нега на кожата и косата, одвнатре и однадвор. Меѓу нив предничат морковите. Со многу едноставни маски можете да се ослободите од акните, да ја подобрите кожата и да и го вратите здравиот изглед на косата.

 

Морковот е полн со природни антиоксиданси, кои ги забавуваат процесите на стареење на организмот и кои се добри за нега на оштетената кожа. Пијте сок од моркови и цвекло и третирајте го лицето со сосема природни маски. Ако и укажете доверба, ќе бидете навистина изненадени од резултатите.

 

Тинејџерски акни

 

Со свежо исцеден сок од моркови можете да ги подобрите тинејџерските акни. Изрендајте 1 исчистен морков и со рацете исцедете го сокот. Заврзете ја косата во опавче и замотајте крпа или лента околу главата (за сокот да не ви капе на косата). Нанесувајте го со прсти и оставете да делува 20-тина минути. Потоа измијте ја кожата со топла вода. Лицето можеби ќе ви биде портокалово. Можете повеќе пати да го измиете или да ставите топла крпа на лицето и да ја држите 5 минути. Потоа избришете ја.

 

Хидратација и оштетување на кожата

 

за да ја хидрирате кожата и да ја направите мека, подгответе маска од моркови и нанесувајте ја на лицето неколку пати неделно. Потребно ви е: 2 до 3 свежи моркови (изрендани), по една лажичка сирово млеко, мед и маслиново масло. Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на чисто лице. Оставете да делува 15 до 20 минути, па измијте.

 

Оштетувањата на кожата настанати од надворешни влијанија или претерано изложување на сонце може, исто така, да се ублажи, истотака со морков. Направете тоник за лице со подеднакви делови од свеж сок од моркови и розина водичка. Чувајте го во спреј боца и нанесувајте го секојдневно.

За да имате поцврста кожа на лицето, која сјаи со здрав сјај, пробајте ја оваа маска. Сварете неколку моркови, излендирајте ги, додајте неколку капки чист лимонов сок, а лажичка мед и неколку капки екстра девствено маслиново масло. Нанесете ја добиената смеса на лицето и на вратот и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте ја со млака вода.

 

За коса

 

Сварете неколку моркови, изблендирајте ги, додадете малку јогурт и 1 матено јајце. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја да делува еден час. Измијте ја со топла вода.

 

Здрав сок

 

Многу дерматолози препорачуваат редовно консумирање свеж сок од моркови, бидејќи косата им дава на косата и кожата мекост одвнатре, ја хидрира и ја прави помлада. Ако ја консумирате редовно, веднаш ќе ја забележите промената. Исто така, на овој начин засилено ја штитите кожата од сончевите зраци и од евентуални изгореници.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина