Додека на пазарот постојат голем број козметички производи наменети за спречување на стареењето, се повеќе дами се заговорници на природните препарати, кои се подготвуваат во удобноста на домот. Така, сега во светот на убавината една се има издвоено како многу ефикасна, а во прилог на тоа зборуваат се поголемиот број позитивни коментари во кои дамите изјавуваат воодушевување.

Освен што му дава свежина на тенот, го изедначува и ги намалува малите брчки, оваа маска исто така и го тонира, а резултатите се многу брзо видливи.

Потребно е

  • 1 лажива пченкарно брашно
  • 1 лажица безмасна павлака
  • 5 лажици сок од морков
  • 100 мл. вода

Подготовка

Пченкарното брашно ставете го во вода, измешајте добро и ставете го да се вари. Постојано мешајте го, внимавајте да не загори. Кога ќе стане густо, тргнете го на страна и оставете да се олади. На крај додадете ги павлаката и сокот од морков и убаво измешајте.

Упатство

Пред примена на маската, добро исчистете го лицето. Кога ќе ја нанесете, оставете ја да отстои половина час на лицето, а потоа измијте ја со млака вода. Постапката можете да ја повторувате 3 – 5 пати неделно. Маската за сето време треба да се чува во фрижидер.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина