Етеричното масло на мандарината е веќе добро познато, нпо многу малку од производителите прават разлика помеѓу маслото од црвената и маслото од зелената мандарина. И двете масла се добиваат со студено пресување на плодот на мандарината, додека маслото од зелената мандарина се добива од се уште незрелиот плод, кога е голем колку еден орев. За добивање, пак, на маслото од црвената мандарина се пресуваат зрели мандарини. Делувањето на маслото од црвената и од зелената мандарина е слично, но сепак постојат одредени разлики на кои треба да се обрати внимание.

 

Црвена мандарина

 

Смирувачки својства

 

Етеричното масло од црвената мандарина содржи мали количини N-метилантранилат, кој покажува силни смирувачки својства. Намалува немир, посебно кај хиперактивните деца. Маслото е многу слатко и поради тоа е многу погодно за мали деца, па дури и за бебиња. Помага кај несоница, стрес и депресија.

Покрај за орална употреба, за несоница може да се користи и дифузер, со чија помош може да се исполни спалната соба со фин спреј од масло од мандарина – тоа е погодно (и препорачливо) и за во детска соба.

При стресни ситуации, едноставно втријте 1-2 капки од маслото од мандарина на соларниот плексус и на зглобовите. Една капка можете да ставите и на вратот, за да можете да го мирисате тој ,,весел,, цитрусен мирис. Во Франција, каде етеричните масла традиционално се земаат и орално, една до две капки етерично масло од мандарина се земаат навечер, пред спиење, за поцврст и помирен сон.

 

Дерматологија

 

Со оглед на тоа што понекогаш владее конфузија кога се работи за ситрусите, важно е да се напомене дека етеричното масло од мандарина не е фототоксично и слободно може да се нанесува на кожа пред нејзино изложување на сонце. Етеричното масло од црвена мандарина е одличен додаток во мешавините за спречување на појавата на стрии за време на бременост. Помалку е познато и дека тоа се користи за нега на масна кожа, бидејќи го регулира лачењето на себумот. Ја ревитализира кожата со проширени и затнати пори.

 

Мешавина за нега на масна кожа 

 

  • 15 мл. растително масло од лешник
  • 15 мл. Раститлно масло од авокадо
  • 3 капки етерично масло од еукалиптус
  • 6 капки етерично масло од црвеа мандарина
  • 6 капки етерично масло од лаванда

 

По потреба, можат да се додадат уште 3 капки етерично масло од мирта

 

 

Зелена мандарина

 

 

Основни разлики помеѓу зелената и црвената мандарина

 

 

Маслото од зелената мандарина има делување слично како она од црвената мандарина: исто така смирува, помага кај проблеми со варењето и може да се користи за нега на кожата.

 

Првата разлика која може да се забележи е по малку поинаквиот мирис оод мирисот на маслото од црвената мандарина на која се имаме навикнато. Зелената мандарина има малку повеќе силен мирис, кој некој го опишуваат како ,,позелен,, мирис за разлика од оној на црвената мандарина.

 

Маслото од зелена мандарина е уште поблаго од црвената, па е идеален за бебиња и за постари луѓе, кај кои не можат да се користат поагресивни масла.

 

Следната разлика е во тоа што зелената мандарина поефикасно делува врз проблеми на системот за варење од црвената мандарина, делувајќи како благ спазмолитик. Посебно е добро да се користи кај грчеви кај бебињата и малите деца. Се користи за смирување на мачнини во желудникот и болки во цревата. Го стимулира исто така и црниот дроб, па може да се користи за регулација на метаболичките процеси како и за отстранување на маснотиите од крвните садови. Намалува надуеност, а според некои спречува и морска болест.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина