Мандарините се појавиле четири века по портокалите, кои се прошириле ширум светот во 16 век од Кина. Од тогаш се одгледуваат на југот од Европа, северна Африка и во Америка. Тие не само што помагаат во борбата со лошиот холестерол и што го штитат срцето, туку и даваат чувство на ситост, па им се препорачуваат на оние кои сакаат да ослабнат и да ја задржат витката линија. Нивните состојки, витамините Ц и витамините од Б – групата, минералите како калциумот, магнезиумот, цинкот и калиумот делуваат позитивно на когнитивното здравје, подобрувајќи и стимулирајќи ги функциите на мозокот, што придонесува за подобро помнење.

Мандарината ја негува и ја подмладува кожата

Мандарината е богата со антиоксиданси, кои го спречуваат ослободувањето на слободните радикали и оштетувањето на кожата, па поради тоа е одлично средство за нега на лицето. Со разградувањето на бета – каротенот од мандарините се синтетизира витаминот А, кој е заслужен за добивањето кадифена кожа за заздравување и обновување на кожата. Мандарините на кожата и обезбедуваат витамин Б, магнезиум и калиум, состојки кои се неопходни за млад изглед и за хидратација. Витаминот Ц од мандарините го стимулира производството на колаген и така придоесува за намалување на брчките и за млад изглед на кожата. Етеричните масла во ова овошје од семејството на цитруси посебно се добри за мрсна и проблематична кожа, бидејќи го контролираат лачењето на себумот и ги чистат затнатите пори. Покрај тоа, нејзиното масло делува антисептично, ги убива бактериите и ги спречува воспаленијата, а помага и при чистење на организмот од токсини, посебно за чистење на црниот дроб. Ако имате проблеми со акни или други кожни болести, мандарината може да ви помогне.

Маска од мандарини

Мандарината можете да ја искористите за да направите овошна маска. За освежување, пак, на сите видови кожа доволно е да исцедите сок од две мандарини. Натопете една газа со овој сок и ставете ја на лицето и вратот и држете ја 15 до 20 минути, а потоа исплакнете го со студена вода. Ова овошје е богато и со диетални влакна, кои го поттикнуваат варењето, па затоа е сојузник на оние кои сакаат да ослабнат. Пектинот во неа го спречува растот на нивото на шеќер во крвта, а со тоа и чувството на глад. Мандарината содржи 85% вода кои телото ги користи за да се исчисти од токсини и да го поттикне метаболизмот.

Состојката пронајдена во мандарината, ноблетин, не само што помага во борбата против дебелината, туку го чува и здравјето на артериите и штити од дијабетес тип 2. Научниците спровеле истражувања во кое глувци хранеле со високо мрсна и силно зашеќерена храна, слична на онаа која се консумира во повеќето западни земји. Едната група глувци при тоа се здебелила и имала покачен холестерол и инсулин и мрсен црн дроб – симптоми кои го зголемуваат ризикот од срцеви болести и дијабетес тип 2. Втората група глувци го консумирала истото како и првата група, со таа разлика што внесувала ноблетин од мандарините. Етеричното масло може да помогне при несоница, стрес, напад на кашлица и грчеви во мускулите, а доволно е само да се масираат со него слепоочниците или болните точки.

Кората од мандарини – идеална за чаеви и купки

Корите од мандарини имаат повеќекратна можност да се применат. Можат да се исушат и да се складираат за да се користат во зимо во чаеви, посебно во црн чај. Оваа комбинација, според одредени истражувања, го намалува ризикот од настанок на рак на кожата за 70%. Токму кората е најкорисниот дел од неа, бидејќи содржи 20 пати повеќе антиоксиданси од самиот нејзин сок. Таа изобилува со флавоноиди, кои се наоѓаат во нејзиниот бел дел.

Поради сите наведени вредности кои ги поседува мандарината, оваа мирисна кралица треба редовно да биде вклучена во секојдневната исхрана.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина