Состојки:
  • 100 гр. леќа
  • 500 гр. тиквички
  • 1 лажичка зачинал
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл. маслиново масло
  • 1 лимон
  • 1 врзоп власец
  • сол
  • црн пипер

 

Подготовка:

 

Леќата се мие и се остава да отстои два часа во студена вода. Потоа се вари во истата таа вода, малку посолена. По варењето се цеди и се остава да се олади.

 

За тоа време тиквичките се мијат, се сечат на кругови и малку се пропржуваат на две лажици маслиново масло. Пред самиот крај, им се додава исецканиот лук и зачиналот и се остава малку да се оладат. Се блендираат заедно со леќата. За време на блендирањето постепено им се додаваат маслиновото масло и лимоновиот сок. На крај, се додаваat власецот, солта и црниот пипер.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина