promeni vo ishranata_naslovna

Добро осмислениот избор на намирници и нивното внимателно приготвување можат да ви помогнат ослабнете без диета. Најлесен начин за тоа да на здрав и ефикасен начин ги изгубите вишокот килограми е да воведете мали промени во секојдневната исхрана. Нутриционистите ги даваат следниве неколку предлизи за здрави и лесни измени во прехрамбените навики, измени кои нема ни да ги почуствувате.

Наместо свински врат-свинско филе

Секогаш трудете се месото кое ќе го купувате да има што помалку маснотии и да е квалитетно. Свинското филе има помалку масти, а повеќе протеини за разлика од свинскиот врат, а и разликата во калориите е огромна. На 100 грама месо, разликата е цели 300 калории!

Месото секогаш пржете го на скара или во тефлонско тавче, со минимални количества на масло.

Наместо полномасен јогурт- диетален јогурт

Полномасниот јогурт од 3,5 проценти млечни масти има околу 63 калории на 100 милилитри. Спротивно на него, јогуртот од 0,5 проценти млечни масти на истата количина има околу 40 калории. Иако тоа изгледа како мала разлика, имајте во предвид дека јогуртот е нешто што се пие секој ден, па на месечно ниво тоа воопшто не е малку.

Наместо двопек – обичен леб

Во многу диети се советува двопекот како замена за класичниот леб, но експертите советуваат дека тоа е погрешно.

Обичниот леб, без никакви додатоци во вид на семенки, има 250 калории, додека двопекот цели 450. Тоа е така бидејќи двопекот ја губи водата во текот на печењето, па со самото тоа на иста маса има повеќе калории. Од сите видови на теста, обичниот леб е најмалку калоричен.

Наместо класичен џем- џем без шеќер

Џемот кој се прави само од овошје е феноменална слатка без шеќер. Меѓутоа, во нашите краишта џемот се прави по правило килограм овошје на килограм шеќер. Значи, ако килограм овошје има околу 500 калории, тогаш килограм џем од тоа овошје би имало нешто малку повеќе калории од тоа, заради губењето на водата. Меѓутоа, кога кон тоа ќе додате и килограм шеќер, веднаш сте додале и непотребни 4000 калории !

Наместо пржен помфрит- помфрит во рерна

Нутриционистите тврдат дека компирот е одлична намирница, дека не треба да го избегнувате, само треба да поведете сметка за начинот на кој го приготвувате.

На 100 грама, компирот има околу 8о калории. На истата оваа количина, помфритот пржен во масло има дури четири пати поголема калориска вредност! Доколку навистина сакате помфрит, можете истиот да го подготвите доста едноставно и да го испечете во рерна, без дополнително да додавате масло. Во овој случај на 100 грама ќче се доржат околу 100 калории, заради губитокот на вода од составот.

Наместо похован модар патлиџан- модар патлиџан на скара

Модриот патлиџан се на се има 20 калории на 100 грама. Меѓутоа, ако го извалкате во брашно и го испржите во многу масло, тој на истата таа грамажа ќе има дури 720 калории, бидејќи ги впива мастите.

Нутриционистите советуваат мусаката од модриот патлиџан да се прави со зеленчук на скара, бидејќи разликата во калориите е огромна, а вкусот е речиси ист.