Уште од Антички времиња, кората од портокал многу се ценела заради нејзините медицински својства и здравствените погодности кои ги има. Речиси сите ние кога јадеме портокал ја фрламе кората, но со таквата наша постапка ги пропуштаме богатите хранливи состојки кои се содржат во самата кора. Прочитајте подолу дел од нив и наредниот пат кората искористете ја на некој начин- преку пиење чај или зовриена вода со кора од портокал, како основа за подготовка на природна маска или пак можеби на некој друг начин кој вам ви одговара.

kora_naslovna

Кората од портокал е богат извор на растителни влакна

Во 100 грама кора од портокал се наоѓаат околу 10,6 грама влакна. Растителните влакна го овозможуваат варењето и го подобруваат системот за варење на храната, го регулираат нормалното празнење на цревата, гасовите и надуеноста на стомакот.

Кората од портокал содржи високо ниво на витамин Ц

Овој витамин игра многу важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем и ве прави отпорни на вируси и настинки. Ова е особено важно во овој зимски период, познат како сезоната на грипови и настинки.

Кората од портокал е богата со калциум

Калциумот е важен минерал кој има клучна улога во здравјето на коските, здравјетона срцето, мускулите, нервите и забите. Во 100 грама кора од портокал се наоѓаат 161 милиграм калциум.

Кората од портокал е богата со флавоноиди

За флавоноидот е познато дека е многу корисен за нашето здравје. Најголема концентрација во кората од портокал има од хесперидинот, соединение кое е познатои дека има антиоксидансни, антибактериски, антигабични, антивирусни, антиканцерогени и аналгетичкисвојства.

Портокаловата кора за борба против мамурлак

Направете една смеса од кората од портокал и сол во водата, мешавина која ќе врие околу 20 минути и може да ги намали класичните симптоми на мамурлак (главоболка, вртоглавица, нагон на повраќање).

Кора од портокал за нега на лицето и кожата

Кората од портокал е вистински природен дар за негување на лицето и кожата (ги намалува темните кругови околу очите, ги затегнува порите, претставува вистинска превенција против појавата на акни). Направете една смеса од кора од портокал и една чажа кисело млеко и нанесете ја на лицето. Нежно измасирајте. Оваа природна маска ќе му даде на вашето лице свеж, одморен и весел изглед со прекрасен сјај.

Исто така, одамна е познато дека џвакањето на кора од портокал помага во ублажувањето на лошиот здив од устата.