Заборавете на прејадувањето. Правилниот начин на исхрана подразбира консумирање намирници како што се овошје, зеленчук, јаткасти плодови, интегрални житарки и мешунки. Ако сакате да го измените начинот на исхрана, а притоа да се храните здраво, макробиотиката е вистинскиот избор за вас.

Основи на макробиотиката

Поентата на макробиотичката исхрана е при готвењето да се одбираат едноставни, природни состојки и од нив да се подговуваат здрави и избалансирани јадења. Притоа, при подготовката на овие јадења се користат различни техники на готвење, се од бланширање до грил, печење и пржење, како и разни техники на сечење. Уште таткото на западната медицина, Хипократ, при опишување на луѓето кои биле здрави и долговечни го употребувал терминот макробиотика. Самиот овој термин се состои од два збора, кои означуваат многу широк (macro) поглед на животот (biotics). Основните препораки на макробиотиката се применуваат речиси во сите цивилизации илјадници години, но во последниве години развојот на науката и технологијата, посебно во областа на одгледувањето, обработката и подготовката на намирниците, доведоа до значително отстапување од овие препораки. Резултат од тоа е астрономското зголемување на бројот на заболени од разни, посебно дегенеративни, болести како и општ пад на нивото на здравјето. Цели нации се болни, и тој тренд продолжува и покрај огромниот број лекови кои се пронајдени во последниве педесет години.

За разлика од совремнеите лекови, макробиотиката е насочена кон лекување на причините кои довеле до некоја болест или последица. И тоа е тајната на нејзиниот успех. Програмата на исхрана во макробиотиката е насочена кон поединецот. Не постои универзална диета која можат да ја применуваат сите, туку секој случај одделно се разгледува и така и се третира. Двајца кои се заболени од иста болест нема да бидат третирани на ист начин, туку во обзир ќе се земат индивидуалните разлики и причини кои довеле до болеста. Затоа без прецизни насоки од искусен макробиотичар многу често е невозможно да се искориси сета моќ која една таква програма ја нуди. Ако ја прифатите макриобиотиката и нејзините препораки како ваш нов начин на исхрана, можете многу брзо да го очекувате следново – доколку сте дебели, ќе ја намалите телесната тежина (до 12 кг месечно), нормализирање на содржината на масти и нивото на холестерол во крвта и нормализирање на крвниот притисок, нормализирање на варењето и регенерирање на органите за варење, подобрување на сите витални функции и зголемување на психичката и физичката сила, целосно подмладување на организмот (кожата станува свежа, брчките се намалуваат, исчезнува целулитот, косата станува појака и погуста…). Многунболни се имаат излекувано од дегенеративни болести токму со макробиотиката и тоа за релативно многу кусо време од само неколку месеци. Ако сте здрави, за вас оваа програма може да претставува еден разумен начин на исхрана кој ќе ги победи болестите и кој ќе ве одржува во добра психичкс и физичка кондиција.

Пред да се впуштите во големата авантура на макробиотичката исхрана, добро информирајте се што тоа точно значи. Дали уживате во оброци во кои доминира месото или месните преработки? Дали кравјото, козјото или овчото млеко се една од животните намирници без кои не можете? Ако и на двете прашања одговорите негативно, тогаш сте подготвени за макробиотиката.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина