Макот е фантастичен извор на тиамин, а добар извор е и на фолна киселина и витаминот Е. Минералите и витамините во макот ублажуваат раздразливост, стрес, поттикнуваат концентрација и расположение.

 

Во народната медицина, макот се користел за добивање опиум, кого докторите го користеле за намалување болки, но за жал многумина го злоупотребувале. Макот кој се продава во продавниците не содржи алкалоиди, бидејќи семето е исушено.

 

Макот инаку е едногодишно растение кое има розови, бели, жолти, портокалови, црвени или виолетови цветови. Внатре во главицата се наоѓаат неколку прегради кои содржат стотици семки. Семките се мали, со бубрежест облик, имаат оревест вкус и крцкава текстура, можат да бидат кафеави, сиво-сини и жолти. Маслото од мак се добива со студено пресување на сировото семе и тоа се јаде како и секое друго семенско масло. Што се однесува до лекувањето, макот се користи за опуштање на мускулите, против болки, за искашлување и лекување грчеви во абдоменот.

 

Енергетската содржина во 100 грама семки мак изнесува 533 kcal/2231 kJ. Од тоа, 45% се масти, 24% се јагленохидрати и 18% се протеини.Кај нас макот најчесто се користи за подготовка на колачи и печива, но и во солени јадења исто така.

 

Тагови: болкимак
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина