Мака – природен извор на здравје и убавина
Мака (лат. Lepidium meyenii), е корен кој припаѓа на семејството на ротквиците и најчесто е достапен во облик на прав. Се одгледува во планините на Перу, па уште е познат и како ,,перуански гинсенг,,. Предностите на мака се ценат одамна, а неодамна е популаризиран и како додаток во исхраната. Мака расте на висина помеѓу 2400 и 4400 метри. Се размножува со семе и почнува да `рти во рок од пет дена. Потребни му се десет месеци за да постигне целосна зрелост.
Како да се користи мака правот?
Вкусот може да биде малку чуден на почетокот, но подоцна станува поподнослив, иако зависи со што се меша. Инаку, мака е богат со витамините Б, Ц и Е. Дава изобилство на калциум (повеќе од млекото), а има и цинк, железо, магнезиум, фосфор и аминокиселини. Добар е да се користи во салати, пијалоци, смути, готвена храна и во сокови. Се јаде како печен корен или се суши, се меле и се прави како каша или во вид на прав кој се пие со млеко.
По правило, не постојат нус-појави од користењето на мака, но постојат одредени укази дека влијае врз работата на хормоните, па затоа не треба да се претерува со неговото консумирање. Честопати потребно е да се направи и пауза во неговото земање. Инаку, за разлика од некои други лековити растенија, маката не делува веднаш, туку неговото делување е видливо после извесно време.
Се користи за ублажување на симптомите од менопауза и хормонски нарушувања, а може и да лекува стерилност кај мажите, поради тоа што го зголемува производството и подвижноста на сперматозоидите и ја јакне половата моќ, па од тука слободно може да се каже дека маката е природна вијагра. Маката спречува појава на рахитис и остеопороза и го јакне имунолошкиот систем. Не смее да се користи за време на бременост и доење. Оние коиимаат проблеми со болести на жолчката и црниот дроб и имаат висок крвен притисок, треба да се консултираат со доктор пред да почнат да ја консумираат маката. Покрај горенаведеното, маката помага и кај:
- јакнење на издржливоста
- проблеми со нередовни менструации
- ублажување на хроничен замор
- зголемување на плодноста
- ублажување на менструални болки
- намалување на хормонските нарушувања за време на менопауза
- регулирање на хормонската рамнотежа во телото
- намалување на стрес
- лекување анемија
- зарастување на рани
- подобрување на помнењето
- здрави коски и заби
- спречување на кардиоваскуларни болести
Сексуална функција
Маката нашироко се користи за подобрување на сексуалните функции кај мажите и жените. Служи како поттик на либидото и ја зголемува издржливоста. Во исто време ги балансира хормоните и ја зголемува плодноста.
Енергија
Со неколкудневно користење на маката може да се зголеми нивото на енергија. Исто така, понато е дека ја зголемува и издржливоста, многу спортисти користат мака како додаток во исхраната.
Целокупно здравје
Мака помага во оддржувањето на целокупното здравје на повеќе начини. Го снабдува телото со железо и го зголемува бројот на црвените крвни зрнца, кои помагата при анемија и кардиоваскуарни болести. Таа ги чува коските и забите здрави и овозможува побрзо закрепнување од повреди. Кога се користи со добар режим на вежбање, помага во зголемување на мускулната маса.
Кожа
Многу луѓе го забележуваат позитивниот ефект од мака правот на кожата. Кај некои има помогнала да ги исчистат акните и да се ослободат од црвенилото. Исто така, ја намалува чувствителноста на кожата. Може да и помогне на кожата да издржи при екстремно студени или топли температури, а притоа да не биде оштетена.
Рамнотежа на распложението
Ако патите од анкциозност, депресија, промена на расположението или сте под постојан стрес, мака може да помогне во ублажување на овие симптоми.