Мајчината душичка е едно од најчесто користените лековити растенија: се употребува ,,речиси за се,, – од лекување настинки, до ,,убивање,, разни микроби.

Мајчината душичка со право ја има заслужена почитта и широката примена кај народот. Ова растение во себе не содржи ниту една штетна, токсична состојка, па поради тоа може да се пие без временско ограничување и во неограничени количини. Уште е позната и под името темјаника, див босилок или матерка. Расте на сончеви брегови и падини, на рабовите од шумите, а често и на мали ливадски мравјалници. Само две лажички мајчина душичка за дури 20% ги задоволуваат дневните потреби на организмот за железо, а одличен извор е и на манган – минерал кој го подобрува функционирањето на мозокот, го оддржува здравјето на коските и кожата и потпомага да се формира рскавицата. Потребно и е могу топлина и сонце, па поради тоа одлично успева на каменести површини и на планински пасишта, каде се ослободува многу топлина. Се бере преку целото лето. Се сече со ножици, не се корне. Потоа се суши во тенки слоеви, на провевно место, затскриена од директно влијание од сонцето и од прашина. Повремено треба да се првртува за добро да се исуши рамномерно.

Чајот ос мајлина душичка има антисептично дејство, ефикасен е против грчеви во бронхиите, ја раздвижува слузта во белите дробови и помага за нејзино исфрлање. Поради тоа има употреба при кашлица кај деца. Освен тоа одличен и при цревни паразити, посебно детски глисти.

Чајна мешавина

Во подеднакви делови помешана со тегавец, мајчината дупичка е одличен лек против заболувања на дишните патишта – посебно при прекумерна слуз во бронхиите и бронхијална астма, дури и за голема кашлица. Вака подготвениот чај се пие што потопол. Се подготвува свеж и се пие четири до пет пат дневно. Ако посоти опасност за воспаление на белите дробови, треба да се пие на секој час.

Перниче како облога

Мајчината душичка, камилицата и ајдучката трева се користат за полнење перници коисе користат потоа како ,,облоги,, при различни болки (во стомакот, зглобовите…)

За измивање на устата

Пет грама мајчина душичка се прелеваат со еден децилитар млака вода и се остава да отстои преку ноќ. Наутро се процедува и со него се жабуркаат болните места во текот на денот. Вака се дезинфицира устата, се ублажува бола во грлото, се јакнат непцата и се освежува здивот.

Бања

Во када со топла вода се става околу 100 грама мајчина душичка и се поминува околу половина час во оваа бања. Одлична е за мирен сон.

Како се подготвува правилно чај од мајчина душичка

Важно е да се запомнат две правила во врска со ова – чајот никогаш не се подготвува во отворен сад и секогаш се зема доволна количина од растението. Мајчината душичка содржи лековити состојки кои брзо испаруваат. Ако се поготвува во отворен сад, тие ќе испарат и таквиот чај нема да има никакви лековити својства. Нема да ги има и ако количинат ана растение не е доволно. За да се подотви добар чај, една лажичка мајчина душичка се прелива со два децилитри врела вода, се поклопува и по половина час се процедува. Се засладува со мед и се пијат три до четири филџани чај на ден.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина