Една од многуте улоги кои ги има магнезиумот во организмот е и контролата на нивото на гликоза во крвта, со цел да се спречи резистенцијата на инсулин која доведува до развој на дијабетес тип 2. Резистенцијата на инсулин води до тоа нивоата на шеќер во крвта да станат превисоки. Внесувањето на магнезиумот може да им биде од голема полза на дијабетичарите, бидејќи многу пациенти кои имаат резистенција на инсулин го губат овој минерал преку урината, што пак доведува до нездрав затворен круг на недостиг на магнезиум и зголемено ниво на шеќер во крвта. Едно шестмесечно научно истражување врз пациенти кои имале резистенција на инсулин вклучувало земање на 365 мг. магнезиум дневно. Кај групата која земала магнезиум, за разлика од контролната група која не земала, нивоата на шеќер во крвта биле ниски, а контролата на инсулинот подобра.
Водечкото нутриционистичко списание, Today Dietitian, објавило натпис за анализа од 13 проучувања, која вклучувала половина милион испитаници. Во оваа анализа се покажало дека зголемениот внос на магнезиум е поврзан со помалиот ризик од дијабетес.

Според Американското здружение за дијабетес, намирници кои се богати со магнезиум, но и со влакна и важни нутритиенти, како калиум, калциум и витамини, а кои се препорачливи за дијабетичарите, спаѓаат, меѓу другите и: зелениот лисјест зеленчук, интегралните житарки, доматите, јаткастите плодови, мешунките, цитрусните овошја и други.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина