Во прилог следат три различни рецепти за подготовка на мафини, со високо количество на протеини и за нивната подготовка се потребни околу 15-тина минути.

Мафини со крем од посно сирење и шумско овошје

mafini-od-posno-sirenje-i-sumsko-ovosje

Станува збор за нискомаслена комбинација, при што односот на протеини и јаглехидрати е 1:1. Овие мафини покрај тоа што се одличен избор за доручек, се и едноставни за подготовка. Времето за подготовка е 15 минути, а времето за печење е 3 минути.

Состојки (за 4 мафини):

За подготовка на смесата:

  • 30 г овесни снегулки
  • 10 г пченични трици
  • 10 г суво грозје
  • 4 г прашак за пециво
  • 50 г јајца

За подготовка на кремот:

  • 100 г посно сирење
  • 30 г протеинска сурутка
  • 50 г замрзнато шумско овошје

Начин на подготовка:

Состојките за смесата изматете ги со миксер. По потреба додавајте вода. Смесата треба да биде густа, но и течна. Истурете ја смесата до половина од калапите за мафини и ставете ги во микробранова печка, 3 минути на најсилно.

Во друг сад добро промешајте го посното сирење и протеинската сурутка. Во смесата додајте замрзнато овошје и убаво промешајте. Изведете ги мафините од микробрановата печка и наполнете ги калапите со кремот од сирење.

Нутритивна вредност за еден мафин:

Енергетска вредност: 110kcal

Протеини: 12,3g

Mасти: 2,3g

Jаглехидрати: 10,3g

Мафини со протеинска сурутка и банани

mafini-od-whey-i-banana

И овие мафини претставуваат одличен избор за појадок и се доста едностави за подготовка. Времето за подготовка е 5 минути, а времето на печење е 3 минути.

Состојки(за 4 мафини):

  • 100 г банани

  • 30 г протеинска сурутка(whey протеинска сурутка)

  • 50 г посно сирење

  • 50 г јајца

  • 4 г прашак за пециво

Начин на подготовка:

Бананите исечете ги на коцки и промешајте ги со сирењето. Дадајте ги јајцата, протеинската сурутка и прашакот за пециво и добро промешајте. По потреба, додајте малку вода. Истурете ја смесата во калапите. Можете да користите картонски калапи, но подобра опција се силиконски калапи. Ставете ги во микробранова печка 3 минути. Доколку мафините не ви се доволно слатки можете да направите шлаг: промешајте малку нискомаслено какао, протеинска сурутка и засладувач. Додавајте вода се додека не ја добиете посакуваната густина.

Нутритивна вредност(за еден мафин, без шлаг):

Енергетска вредност: 76 kcal

Протеини: 9,3 г

Масти: 1,8 г

Јаглехидрати: 7,3 г

Чоколадни мафини од тиквици

mafini-od-tikcvicki

 Можеби оваа комбинација делува чудно, но тиквиците се извонреден зеленчук за подготовка на мафини. На мафините им даваат убав вкус, а на вас потребните влакна. Ваков тип на оброк е идеален како последен оброк пред спиење, поради ниската количина на јаглехидрати. Времето на подготовка е 10 минути, авремето на печење е 3 минути.

Состојки за 4 мафини:

  • 100 г тиквици

  • 10 г кокосово брашно

  • 10 г ниско маслено какао

  • 50 г јајца

  • 50 г посно сирење

  • 30 г протеинска сурутка (whey протеин)

  • 4 г прашак за пециво

Начин на подготовка:

Тиквиците добро измијте ги, а потоа отстранете ја кората. Со ножици за лупење на компири исечете ги месестите делови од тиквицата на ленти. Ставете ги во блендер и додајте какао, кокосово брашно, јајца и посно сирење. Додајте прашак за пециво и протеинска сурутка, а по потреба додавајте вода. Смесата поделете ја во 4 калапи, кои во микробранова печка треба да се печат 3 минути.

Нутритивна вредност (за 1 мафин):

Енергетска вредност: 80 kcal

Протеини: 10,5 г

Масти: 3,5 г

Јаглехидрати: 2,5 г

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.